Book of Common Prayer
5) Отворање на Бездната: наезда од скакулци
9 Петтиот ангел затруби и видов една ѕвезда[a] како паѓа од небото на Земјата. Нејзе и беа дадени клучевите од јамата што води до Бездната. 2 Кога таа ја отвори јамата на Бездната, низ неа излезе дим како од огромна печка. Од димот поцрнеа и Сонцето и воздухот. 3 Од истиот дим излегоа рој скакулци и ја наполнија Земјата. Ним им беше дадена моќ да касаат како скорпии.
4 На скакулците им беше наредено да не ги пустошат ни тревата ни другото зеленило, ниту пак дрвјата, туку да ги напаѓаат само луѓето кои го немаат Божјиот печат на своите чела. 5 Тие имаа наредба да не ги убиваат луѓето, туку да ги измачуваат пет месеци. Болката од нивниот убод е слична на болка при убод од скорпија. 6 Во тоа време, луѓето ќе ја бараат смртта, но нема да ја најдат, ќе сакаат да умрат, но смртта ќе бега од нив.
7 Скакулците изгледаа како коњи подготвени за борба. На главите имаа нешто како златни венци, а лицата им беа човечки. 8 Гривите им беа како на долгокоса жена, а забите - како заби на лав. 9 Имаа оклопи како од железо, а шумот од нивните крилја правеше бучава како армија од бојни коли што јурат во бој! 10 Имаа и опашки, со осила слични како на скорпии; со кои можеа да ги измачуваат луѓето пет месеци. 11 Тие имаа и свој цар - тоа беше ангелот на Бездната, чие име на хебрејски е Абадон, а на грчки - Аполион[b].
12 Првата мака помина, но еве, доаѓаат уште две!
25 Еден учител на верскиот Закон[a] дојде и искушувајќи Го Исуса, Го праша: „Учителе! Што треба да правам за да стекнам вечен живот?“ 26 Исус, во одговор му рече: „Што вели за тоа Светото Писмо[b]? Што си прочитал во него?“ 27 Човекот одговори: „Сакај Го Господ, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сите свои сили и со сиот свој разум“, и „Сакај го својот ближен како себеси[c]“. 28 „Токму така!“ - му одговори Исус. „Прави го тоа и ќе живееш.“
29 Но учителот на Законот сакаше да се оправда, па продолжи да Го прашува Исуса: „А кој е мојот ближен?“ 30 Исус му одговори вака:
Милостивиот Самарјанец
„Еднаш, еден човек, слегувајќи од Ерусалим во Јерихо, беше нападнат од разбојници, кои го ограбија и натепаа, оставајќи го полумртов. 31 Се случи тука да помине еден еврејски свештеник. Тој го забележа човекот, но го заобиколи и си замина. 32 Истото се повтори кога тука помина и еден Левит[d]: тој се доближи до човекот, го виде како лежи и си замина. 33 Потоа намина еден Самарјанец[e], му пријде и кога го виде, му стана жал; 34 па му ги исчисти раните со масло и вино и му ги преврза. Потоа го качи на своето добиче, го однесе до најблиската гостилница и го смести. 35 Утредента, извади два сребреника, му ги даде на гостилничарот и му рече: „Погрижи се за него и ако потрошиш повеќе - ќе ти доплатам кога ќе се вратам!“
36 Потоа, Исус праша: „Што мислиш, кој од овие тројца се покажал како ближен за настраданиот од разбојниците?“ 37 „Оној што бил љубезен спрема него!“ - одговори учителот на Законот. Тогаш Исус му рече: „Оди и ти постапувај така!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest