Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Book of Common Prayer

Daily Old and New Testament readings based on the Book of Common Prayer.
Duration: 861 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Hos for the version: Macedonian New Testament
Дела Ап 20:17-38

4) Павле се простува со црковните старешини од Ефес

17 Од Милет испрати порака до старешините на црквата во Ефес и ги замоли да дојдат за да се сретнат со него.

18 Кога пристигнаа, Павле им рече: „Вие знаете како живеев, уште од првиот ден кога пристигнав во Азија, зашто цело време бев со вас. 19 Му служев на Господ со голема понизност, со солзи и маки низ кои морав да поминам поради заговорите што против мене ги коваа Евреите. 20 Сепак, не пропуштив да ви кажам се што е полезно за вас, поучувајќи ве јавно или во вашите домови. 21 Имав иста порака и за Евреите и за неевреите[a]: да се покаат, да се свртат кон Бог и да поверуваат во нашиот Господ Исус.

22 Сега Светиот Дух[b] ме тера да одам во Ерусалим. Не знам што ме чека таму. 23 Знам само дека Светиот Дух ми има кажано оти во секој град ме чекаат затвори и страдања. 24 Но тоа не ме плаши. Мојот живот би немал вредност доколку не го искористам за да ја извршам мисијата што ми ја довери Господ Исус: да им ја проповедам на луѓето Радосната вест за Божјата милосрдна благонаклоност.

25 Сега знам дека никој од вас со кои живеев и ви проповедав за Божјото царство нема повеќе да ме види. 26 Затоа сакам јасно и гласно да ви кажам денес дека, ако некој од вас заврши во вечна смрт, јас за тоа не сум одговорен[c]. 27 Не пропуштив ништо од Божјиот план за луѓето, туку во целост ви го објавив. 28 Внимавајте и на себе и на целото Божјо стадо во кое Светиот Дух ве поставил за надзорници. Бидете пастири на Божјата Црква која Тој ја откупи со сопствената крв. 29 Знам дека откако јас ќе си заминам, ќе ви доаѓаат лажни пастири кои како свирепи волци ќе ве напаѓаат и нема да го штедат стадото. 30 Од самите вас ќе произлезат луѓе што ќе ја изопачуваат вистината за да повлечат по себе дел од Христовите следбеници. 31 Затоа, бидете на штрек! Не заборавајте дека три години деноноќно, без престан, со солзи во очите, го советував секој од вас поединечно.

32 Сега ве предавам под Божјата грижа и поука од пораката за Неговата милосрдна благонаклоност спрема вас. Таа порака има моќ да ве изградува и да ви даде наследство заедно со сите што Бог ги избра и посвети.

33 Од никого не барав пари или облеки. 34 Вие и самите знаете дека за моите потреби и за потребите на оние што ме придружуваа јас работев со сопствените раце. 35 На тој начин ви покажав како со вредно работење може да им се помогне на сиромашните. Не заборавајте што ни порача Самиот Господ Исус: ,Поблагословен е тој што дава, отколку тој што добива‘.“

36 Кога го рече ова, клекна на колена со нив и се молеше. 37 Сите заплакаа на глас, и збогувајќи се, го гушкаа и го бакнуваа. 38 Беа посебно тажни поради тоа што им рече дека веќе нема да го видат. Потоа го испратија до бродот.

Лука 5:1-11

Исус ги повикува првите ученици

(Матеј 4:18-22; Марко 1:16-20) Еднаш, Исус стоеше на брегот на Генисаретското Езеро[a], а луѓето се туркаа кон Него за да ја слушаат Божјата порака. Тој здогледа две бротчиња извлечени на брегот. Рибарите беа излегле да ги чистат своите мрежи. Исус влезе во едно од бротчињата, кое му припаѓаше на Симон[b], и го замоли малку да го оттурне од брегот. Потоа Исус седна на бротчето и започна да го поучува народот.

Кога заврши со говорот, Исус му рече на Симон: „Одвеслај понатаму, во подлабока вода, и фрлете ги мрежите.“ Но Симон Му одговори: „Господару, цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме; но штом Ти заповедаш, ќе ги фрлиме мрежите.“ Кога ги спуштија мрежите уловија толку многу риби, што речиси им се искинаа мрежите. Ги повикаа другарите од другото бротче да дојдат да им помогнат. Тие дојдоа и ги наполнија двете бротчиња со толку риби, што бротчињата речиси потонаа. Гледајќи го ова, Симон Петар падна пред Исуса на колена и рече: „Оди си од мене, Господе; јас сум грешен човек!“ Зашто, голем страв ги беше зафатил и него и оние што беа со него, поради случката со уловените риби. 10 Истото важеше и за другарите на Симон: Јаков и Јован - синови на Завдај. Исус му одговори на Симона: „Не плаши се! Отсега ќе одиш по луѓе, а не по риби.“ 11 Тогаш тие ги извлекоа бротчињата на копното, оставија сe и станаа Исусови следбеници.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest