Book of Common Prayer
16 Ви ја препорачувам нашата сестра Фиба, која служи во црквата во Кенхреа. Таа наскоро ќе ве посети. 2 Пречекајте ја срдечно, како што им прилега на Божји луѓе. Помогнете и со се што ќе и треба, бидејќи и таа им помагаше на многумина, а ми помогна и мене.
3 Поздравете ги Приска[a] и Акила, кои соработуваат со мене во мојата мисија за Исус Христос. 4 Тие си ги ризикуваа сопствените животи заради мене. Ним не сум им благодарен само јас, туку и сите цркви меѓу неевреите.
5 Поздравете ја и црквата што се собира во нивниот дом.
Поздравете го мојот драг пријател Епенет. Тој е првиот христијанин од Азија[b].
6 Поздравете ја Марија, која многу работеше за вас.
7 Поздравете ги моите роднини[c] Андроник и Јуниј[d], со кои заедно бевме в затвор. Тие се многу почитувани меѓу апостолите и уште пред мене беа Христови следбеници.
8 Поздравете го мојот драг пријател во Господ, Амплијат.
9 Поздравете го Урбан, наш соработник во Христовото дело; поздравете го и мојот драг пријател Стахиј.
10 Поздравете го Апелиј, потврден следбеник на Христос.
Поздравете го семејството на Аристобул.
11 Поздравете го мојот роднина[e] Иродион.
Поздравете ги христијаните од семејството на Наркис.
12 Поздравете ги Трифен и Трифос, кои трудољубиво работат за Господ.
Поздравете ја мојата драга пријателка Персида, која многу работеше за Господ.
13 Поздравете го Руф, избраник на Господ. Поздравете ја и неговата мајка, која и мене ми беше како мајка.
14 Поздравете ги Асинкрит, Флегон, Ермин, Патроб, Ерман и нашите пријатели христијани што се со нив.
15 Поздравете ги Филолог и Јулија, Нереј и неговата сестра, Олимп и сите Божји луѓе што се со нив.
16 Поздравете се меѓусебно со свет бакнеж. Примете поздрави од сите Христови цркви.
24 Пилат виде дека ништо не може да постигне и дека викањето станува се погласно, па зеде вода, си ги изми рацете пред народот и рече: „Јас сум невин за смртта на овој човек! Ова е ваше дело!“
25 „Ние и нашите деца ја преземаме одговорноста за Неговата смрт!“ - викаше целиот насобран народ.
26 Тогаш Пилат им го ослободи Бараба, а на своите војници им нареди да Го камшикуваат Исуса и потоа да Го распнат на крст.
Војниците Го понижуваат Исуса
(Мк. 15:16-21; Јвн. 19:2-3) 27 Тогаш војниците на гувернерот Го воведоа Исуса во дворот и околу Него се насобра цела чета војници. 28 Тие Му ја соблекоа горната облека и Му облекоа црвена наметка[a]. 29 Исплетоа венец од трње и Му го ставија на главата, а во десната рака Му ставија една трска. Потоа паѓаа пред Него на колена и Му се подбиваа, велејќи Му: „Здраво, еврејски царе!“ 30 Го плукаа и со трската Го удираа по главата.
Распнувањето на Исус
(Мк. 15:22-32; Лк. 23:27-43; Јвн. 19:17-27) 31 Откако доволно се изнашегуваа со Исус, Му ја симнаа црвената наметка и повторно Му ја облекоа Неговата горна облека. Потоа Го поведоа на распнување.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest