Book of Common Prayer
Слобода, но и одговорен однос
13 Затоа, да престанеме да се осудуваме едни со други! Да се трудиме да не им поставуваме сопки и стапици на другите христијани.
14 Знаејќи го учењето на Господ Исус, јас сум убеден дека нема забранета храна поради верски причини. Меѓутоа, ако некој смета дека не треба да јаде извесен вид храна, тој од неа се гнаси. 15 Затоа, ако со храната што ти ја јадеш ги повредуваш чувствата на некои христијани, ти не постапуваш со љубов. Христос умре за нив. Немој поради храна да уништиш некоја душа за која Христос умре! 16 Не дозволувај предноста што ја имаш да предизвика напаѓање на христијанството!
17 Зашто, жителството во Божјото царство не е условено од она што човек го јаде и пие, туку од тоа дали живее праведен живот и дали ги има мирот и радоста што ги дава Светиот Дух. 18 Ако Му служите на Христос со таков дух, ќе му бидете по волја на Бог, а и луѓето ќе ве почитуваат. 19 Затоа, да се стремиме кон она што внесува мир меѓу христијаните и заемно не изградува.
20 Немојте заради храна да го рушите Божјото дело! Навистина, се смее да се јаде, но лошо е ако со она што го јадете предизвикувате некој да се соблазни. 21 Најдобро е да не јадете месо, да не пиете вино и да не правите ништо што може да предизвика некој од христијаните да се соблазни. 22 Тоа што го верувате во врска со овие нешта, нека остане меѓу вас и Бог. Среќен е оној што не се чувствува виновен кога прави нешто што го смета за правилно. 23 Но ако некој се колеба дали нешто смее да јаде, или не, а сепак го јаде, тој самиот себе се осудува, бидејќи не постапува со цврста увереност. Се што правите спротивно од вашето цврсто уверување е грев.
Исус пред Врховниот совет
(Мк. 14:53-65; Лк. 22:54-55; 63-71; Јвн. 18:13-14; 19-24) 57 Оние што Го уапсија Исуса, Го одведоа кај Првосвештеникот Кајафа. Кај него се беа собрале вероучителите[a] и старешините. 58 А Петар оддалеку Го следеше, се до дворот на Првосвештеникот. Потоа влезе внатре и седна со чуварите, за да види како ќе заврши сето ова.
59 Свештеничките поглавари и целиот Врховен совет[b] сакаа да Го погубат Исуса и затоа бараа лажни сведоци против Него, 60 но не најдоа, иако мнозина пристапуваа со бројни лажни обвиненија. 61 Најпосле, пристапија двајца и рекоа: „Овој човек тврдеше дека може да го разурне Божјиот храм и за три дена повторно да го подигне!“
62 Тогаш Првосвештеникот стана и Му се обрати на Исус: „Зар нема ништо да одговориш против овие обвинувања?“ 63 Исус молчеше. Првосвештеникот повторно Му се обрати: „Те заколнувам пред живиот Бог да ни кажеш, дали си Ти Месијата - Божјиот Син?“
64 Исус му одговори: „Самиот кажа! Но на сите вас ви велам:
,Наскоро ќе Ме видите Мене, Синот Човечки,
како седам на почесната, десна страна на Семоќниот,
и како доаѓам на небесните облаци.[c]‘“
65 На ова, Првосвештеникот си ја расцепи облеката во знак на грозење и рече: „Ова е богохулство! Зар ни се потребни други сведоци? Сега го чувме Неговото богохулство! 66 Какво е вашето мислење?“ Тие одговорија: „Заслужува смртна казна!“ 67 Тогаш едни почнаа да Му плукаат в лице и да Го удираат со тупаници, а други Му удираа шлаканици и 68 Му велеа: „Месијо, погоди кој те удри!?“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest