Book of Common Prayer
3 Поминавме покрај Кипар, кој ни остана одлево, па продолживме да пловиме накај Сирија и пристигнавме во пристаништето Тир, каде што бродот требаше да го растовари товарот. 4 Слеговме од бродот, ги најдовме тамошните христијани и останавме со нив седум дена. Тие, откако Светиот Дух им откри што ќе се случи со Павле, го советуваа да не оди во Ерусалим. 5 Кога завршија седумте дена, тргнавме да си одиме. Сите христијани: мажи, жени и деца, се собраа да не испратат, па одеа со нас се до излезот од градот, а на брегот клекнавме на колена и се помоливме. 6 Се збогувавме и се качивме на бродот, а тие се вратија во своите домови.
7 Заминувајќи од Тир, пристигнавме во пристаништето Птолемаида. Се поздравивме со тамошните христијани и останавме со нив еден ден. 8 Следниот ден отпатувавме и пристигнавме во Цезареја. Таму отидовме во домот на евангелистот Филип, еден од седумтемина што беа одбрани да им делат храна на сиромашните. 9 Тој имаше четири немажени ќерки, на кои Светиот Дух им беше дал способност да пророкуваат.
10 Во текот на нашиот повеќедневен престој во Цезареја, дојде еден човек од Јудеја по име Агав, кој исто така имаше дарба да пророкува. 11 Дојде кај нас, го зеде појасот на Павле, си ги врза рацете и нозете, па рече: „Вака вели Светиот Дух: ,Сопственикот на овој појас ќе биде вака врзан од Евреите и ќе им биде предаден на Римјаните[a]‘!“
12 Кога го чувме тоа и ние, и христијаните од Цезареја, го молевме Павле да не оди во Ерусалим. 13 Но Павле ни одговори: „Зошто плачете и ми го кинете срцето? Јас сум готов не само да бидам врзан, туку и да умрам во Ерусалим, за името на Господ Исус!“ 14 Бидејќи не успеавме да го разубедиме, замолкнавме и си рековме: „Нека биде според волјата Господова!“
6) Павле пристигнува во Ерусалим
15 По ова, се подготвивме и тргнавме кон Ерусалим.
Исус во Кафарнаум: сабота, во синагогата
(Лк. 4:31-37) 21 Придружуван од Своите ученици, Исус отиде во градот Кафарнаум. Во саботата, отиде во синагогата[a] и почна да ги поучува луѓето. 22 Сите беа восхитени од Неговото учење. Тој поучуваше со вистински авторитет, а не како вероучителите[b].
23 Одненадеж, во синагогата влезе еден човек обземен[c] со демонски дух и почна да вика: 24 „Што ќе ни сториш, Исусе од Назарет!? Дојде за да нe уништиш, нели!? Те знам Кој си: Ти си Божјиот Светец!“
25 Исус му заповеда на демонскиот дух: „Замолкни и излези од човекот!“ 26 Демонскиот дух го стресе човекот и со силна викотница излезе од него.
27 Луѓето останаа вчудовидени и си велеа еден на друг: „Што е ова? Некое ново и моќно учење! На демонски духови им заповеда и тие Му се покоруваат!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest