Book of Common Prayer
10 Драги пријатели христијани, мојата најголема желба и молитва кон Бог е Израелците да се спасат. 2 Знам дека тие се многу ревносни за Бог, но таа нивна ревност не произлегува од правилно разбирање. 3 Тие не го знаат начинот на кој Бог им подарува праведност на луѓето. Сакаат да се здобијат со сопствена праведност, преку придржување кон Мојсеевиот Закон, наместо да ја прифатат Божјата праведност. 4 Христос ја исполни целта на Законот[a]. Сега сите што веруваат во Христос се здобиваат со праведност пред Бог.
Праведност преку вера
5 Пишувајќи за стекнување праведност според Божјиот Закон, Мојсеј вели: „Кој ќе се придржува до сите наредби во Законот, ќе живее[b].“
6 А праведноста што се стекнува преку вера вели вака: „Не треба да се искачиш на небото за да Го доведеш Христос 7 и не треба да слегуваш во светот на мртвите за да Го вратиш Христос меѓу живите[c]!“ 8 Пораката за спасение преку вера во Христос е лесно достапна, како што и се вели во Светото Писмо:
„Пораката е близу до тебе,
таа е на твоите усни, во твоето срце[d].“
Ова е учењето за верата што ние го проповедаме.
9 Ако со својата уста Го признаваш Исус за Господ, и ако во своето срце веруваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе бидеш спасен. 10 Ако длабоко во себе имаш таква вера, Бог ќе те смета за праведен. Ако со својата уста ја исповедаш оваа вера, ќе бидеш спасен.
11 Светото Писмо вели вака: „Ниту еден од оние што веруваат во Него нема да се разочара[e]!“ 12 Без оглед на тоа дали се работи за Евреин или за припадник на некој друг народ. Единствениот Господ што постои е за сите и Тој е дарежлив спрема сите што бараат помош од Него. 13 „Секој што ќе Му се обрати на Господ, ќе биде спасен[f].“
4) Страв и големи маки
(Мк. 13:14-23; Лк. 21:20-24) 15 „Значи, кога ќе видите дека богохулникот[a] што пустоши се наместил на светото место - за ова пишува пророкот Даниел, и секој читател треба да обрне внимание - 16 тогаш, оние што ќе се најдат во покраината Јудеја нека бегаат кон планините, 17 тој што ќе се најде на покривот, да не слегува долу да земе нешто од покуќнината, 18 а тој што е на нива, да не се враќа дома за да си го земе палтото! 19 Тоа ќе биде посебно тешко време за трудниците и за доилките! 20 Молете Го Бога вашето бегство да не се случи зиме или во саботен ден! 21 Зашто, тогаш ќе има такви маки, какви што немало од создавањето на светот досега, ниту пак ќе ги има во иднина. 22 Да не беше предвидено скратување на тоа време, никој не би преживеал; но тоа време ќе се скрати, заради избраните од Бога.“
23 „Ако некој тогаш ви рече: ,Еве Го Месијата овде!‘ - не верувајте му! 24 Зашто, ќе се појават лажни месии и лажни пророци и ќе изведат големи знаци и чуда, обидувајќи се да ги измамат избраните од Бога, ако е можно. 25 Еве, однапред ви кажав. 26 Значи, ако ви речат: ,Ене Го Месијата во пустината!‘ - не одете таму; или: ,Еве Го, се крие овде!‘ - не верувајте им! 27 Зашто, Синот Човечки[b] ќе дојде како молскавица што ќе болсне на исток и веднаш ќе се види на запад! 28 Каде што е мршата, таму ќе се соберат и мршојадците[c].“
5) Враќањето на Христос
(Мк. 13:24-27; Лк. 21:25-28)
29 „Веднаш по неволите во тие дни, ќе потемни Сонцето, Месечината ќе престане да свети, од небото ѕвезди ќе паѓаат и небесните сили ќе се разнишаат[d]. 30 Тогаш, конечно на небото ќе се појави знакот на Месијата, Синот Човечки; и ќе залелекаат сите народи на Земјата кога ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на облаците со моќ и величествена слава[e]. 31 Тој ќе ги испрати Своите ангели со громогласен звук од труба да ги соберат Неговите избраници од сите четири страни на светот, од едниот до другиот крај на светот.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest