Book of Common Prayer
26 Во меѓувреме, со нас е Светиот Дух за да не придружува и да ни помага во нашите слабости. Ние не знаеме дури ни за што и како би требало да се молиме. Но Светиот Дух се застапува за нас со неискажливи воздишки. 27 А Бог знае што има во срцата на луѓето и знае што сака Светиот Дух, затоа што Тој се застапува за Божјите луѓе согласно со Божјата волја. 28 Знаеме дека се што се случува, Бог ќе го насочи така што да испадне на добро за оние што Го сакаат Бога и што се од Него повикани за свети цели. 29 Однапред познавајќи ги луѓето, Бог ги одбра Своите, со цел да ги преобрази така што ќе бидат слични на Неговиот Син, Исус, Кој е првороден за да има многу браќа и сестри. 30 А тие што ги одбра, Бог ги повика, ги оправда и ги прослави.
Исус ги критикува верските водачи
(Мк. 12:38-39; Лк. 11:43,46; 20:45-46) 23 Потоа Исус им се обрати на луѓето и на Своите ученици: 2 „Вероучителите и фарисеите се овластени да ве поучуваат од Мојсеевиот Закон. 3 Затоа, извршувајте го и слушајте го она што тие го проповедаат; но не угледувајте се на нив, бидејќи тие не го практикуваат тоа што го проповедаат. 4 Тие им товарат на луѓето тешки товари кои одвај можат да се носат, а самите ни со прст не помагаат. 5 Се што прават тие, го прават за да се покажат пред луѓето: со себе носат дебели молитвеници, си пришиваат долги реси на своите мантии, 6 ги сакаат почесните места на гозбите и челните места по храмовите[a]; 7 сакаат да бидат поздравувани на јавни места и нарекувани со почесни титули[b]. 8 А вие немојте да се нарекувате со почесни титули[c], бидејќи само Еден е Тој што заслужува почесна титула, а сите вие сте браќа. 9 И на никого на Земјава не обрнувајте му се со „Оче“, зашто имате само еден Отец, а тоа е Бог на небото. 10 Не треба да се нарекувате ни водачи, зашто имате само еден Водач, а тоа е Месијата[d]. 11 Најголемиот меѓу вас нека ви биде слуга, 12 зашто, кој се возвишува, ќе биде понижен, а кој се понизува, ќе биде возвишен.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest