Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Book of Common Prayer

Daily Old and New Testament readings based on the Book of Common Prayer.
Duration: 861 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Eccl for the version: Macedonian New Testament
Галатите 3:23-4:11

23 Пред да ни се објави верата во Христос, како начин да бидеме прифатливи за Бог, Законот не чуваше како затвореници, под свој надзор.

Божји деца преку вера

24 Така Законот ни беше воспитувач[a] што не водеше кон Христос, за да се помириме со Бог преку вера. 25 Сега кога ни се објави верата, веќе нема потреба Законот да ни биде воспитувач.

26 Сите стануваме Божји деца, преку вера во Исус Христос. 27 Сите што преку крштавање во името на Христос се идентификуваа со Него, станаа како Христос[b]. 28 Без разлика дали се работи за Евреин или за Грк[c], за роб или за слободен, за маж или за жена, сите што сте христијани сте еднакви пред Христос. 29 Ако Му припаѓате на Христос, тогаш вие сте вистинските потомци на Авраам и вие ќе го добиете она што Бог му го вети.

Но, се додека наследникот е малолетен не се разликува многу од роб, иако тој е сопственик на се. Старатели го чуваат и застапници ги водат работите во негово име, се додека не дојде времето што го определил неговиот татко.

Така е и со нас. Додека бевме духовно малолетни, им бевме потчинети на световните сили. Кога дојде определеното време, Бог Го прати Својот Син. Тој се роди од жена и живееше под Законот. Бог го испрати Христос за да не ослободи од Законот и, преку посвојување, да не направи Божји деца.

За да ви докаже дека и вие, неевреите, станавте Негови деца, Бог Го испрати во нашите срца Духот на Својот Син. Духот ви дава слобода да Му се обраќате на Бог со: „Аба[d]“, односно со „Татко“. Така, сега не сте веќе робови, туку Божји деца, а штом сте Божји деца, вие ќе наследите се што е Божјо.

Апостол Павле е загрижен за Галатите

Порано, не познавајќи Го Бог, вие им робувавте на „богови“ кои по својата природа не се богови. Сега Го познавате Бог, или поточно, Бог, познавајќи ве вас, ве одбра да Го запознаете. Како тогаш можете пак да им се враќате на тие слаби и бедни световни сили!? Зошто сакате повторно да станете нивни робови? 10 Почнавте да славите одредени денови, месеци, годишни времиња и години. 11 Страхувам за вас! Се плашам дека попусто се трудев околу вас.

Матеј 15:1-20

Отфрлање на човечките обичаи и преданија

(Мк. 7:1-13) 15 Во тоа време од Ерусалим дојдоа кај Исус некои фарисеи и вероучители[a] и Го запрашаа: „Зошто Твоите ученици не ги почитуваат нашите стари обичаи!? На пример, тие не го практикуваат ритуалното миење на рацете пред јадење!“ А Исус им одговори: „А зошто вие, со вашите обичаи, ги кршите Божјите заповеди!? На пример, Бог заповедал вака: ,Почитувај ги мајка си и татка си. Кој ќе проколне татко или мајка да се казни со смрт!‘ А вие велите: ,Доволно е само некој да рече дека имотот што го има му го посветува на Бога, и со тоа се ослободува од обврската да ги издржува своите родители!‘ На тој начин, со своите преданија вие ја укинавте Божјата заповед! Лицемери! Имаше право Бог кога преку пророкот Исаија за вас напиша:

,Овој народ со усните Ме почитува,

но срцето му е далеку од Мене!

Се залажуваат дека Ме почитуваат,

а всушност ги шират своите човечки обичаи

како да се Мои заповеди[b]!‘“

Што го опоганува човекот?

(Мк. 7:14-23) 10 Тогаш Исус го повика народот да Му се приближи и му рече: „ Слушајте и сфатете дека, 11 не го погани човекот храната што ја внесува преку устата, туку она што го зборува и што го прави.“

12 По ова Му пристапија Неговите ученици и Му рекоа: „Знаеш ли дека фарисеите се навредија од она што Ти го кажа?“ 13 А Исус им одговори: „Секоја садница што не е насадена од Мојот небесен Татко, ќе биде искоренета! 14 Оставете ги; тие се слепи водачи кои водат слепи луѓе; а кога слепец води слепец - обајцата ќе паднат во јама!“ 15 Петар проговори и праша: „Објасни ни што сакаше да кажеш со оваа споредба?“ 16 Тој им одговори: „Зар и вие уште не сфаќате!? 17 Не сфаќате ли дека се што се јаде преку устата минува низ стомакот и се исфрла надвор? 18 А зборовите што се изговараат низ устата и делата што излегуваат од срцето можат да го опоганат човекот. 19 Зашто, злите планови, убиствата, прељубите, блудствата, кражбите, лагите и пцостите произлегуваат од срцето на човекот. 20 Тие работи го поганат човекот, а не непочитувањето на ритуалното миење на рацете!“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest