Book of Common Prayer
18 Дури по три години отидов во Ерусалим, да се запознаам со Петар[a] и со него останав петнаесет дена. 19 Со другите апостоли, освен со Јаков, братот Господов, не се ни сретнав. 20 Бог ми е сведок дека ова што ви го пишувам не е лага, туку е вистина. 21 Потоа заминав за Сирија и Киликија. 22 Христијаните[b] во Јудеја се уште не ме познаваа лично, 23 туку само беа слушнале дека „оној што ги прогонуваше, сега и самиот ја проповеда верата што сакаше да ја уништи“. 24 И Го славеа Бог заради тоа што го направи со мене.
Апостолите одобруваат
2 По четиринаесет години, повторно, отидов во Ерусалим, заедно со Барнаба[c], а со себе го поведов и Тит. 2 Отидов затоа што Бог, преку откровение, така ми нареди. На еден состанок, на кој присуствуваа само поистакнатите водачи на црквата, јас им објаснив како ја проповедам Радосната вест меѓу нееврејските народи. Го сторив тоа за да не биде залудна мојата сегашна и досегашна работа. 3 Тие не поддржаа, па ни Тит, кој беше со мене, иако е Грк, не го натераа да се обреже, 4 иако некои таканаречени „христијани“[d] се обидуваа. Тие подмолно се вовлекоа во нашите редови за да извидат каква слобода ние имаме преку верата во Исус Христос, па потоа да можат да ни ја одземат таа слобода и да не претворат во робови на јудаизмот. 5 Ни за момент не им дозволивме да не надвладеат, за да може вистинската Радосна вест да биде зачувана и за вас.
6 Оние што се сметаа за поистакнати (велам се сметаа, зашто за мене тоа воопшто не е важно; Бог не суди според надворешноста), тие поистакнати луѓе не додадоа ништо кон она што јас го говорев. 7 Напротив, тие сфатија дека Бог ми довери да ја проповедам Радосната вест меѓу нееврејските народи, исто како што на Петар му довери да ја проповеда меѓу Евреите. 8 Бог, Кој работи преку Петар, испраќајќи го да биде апостол меѓу Евреите, сега работи и преку мене, со тоа што ме испрати кај другите народи. 9 Кога Јаков, Петар и Јован, кои се сметаа за столбови на црквата, сфатија дека Бог е благонаклонет спрема мене, се ракуваа со мене и со Барнаба во знак на пријателство, согласувајќи се ние да работиме меѓу нееврејските народи, а тие меѓу Евреите. 10 Единствено од мене бараа да не ги забораваме сиромашните, за кои јас и досега ревносно се грижам.
Исус се враќа во Назарет, но не е прифатен
(Мк. 6:1-6; Лк. 4:16-30) 53 Штом Исус заврши со изложувањето на споредбите, си замина оттаму, 54 и се врати во Назарет - своето поранешно живеалиште, каде што го поучуваше народот по синагогите[a]. Сите што Го слушаа се чудеа и говореа: „Каде се стекнал овој човек со олкава мудрост и моќ да прави чуда? 55 Зар Тој не е синот на дрводелецот? Нели му е мајка Марија и нели му се браќа Јаков, Јосиф, Симон и Јуда? 56 Нели се меѓу нас и сите Негови сестри? Каде ли се здобил овој човек со сето ова?“ 57 Жителите на Назарет Го пречекаа со сомневања. Тогаш Исус им рече: „Пророкот останува без признание единствено во својот град и во своето семејство.“ 58 И бидејќи Го дочекаа со недоверба, Тој не направи таму многу чуда.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest