Book of Common Prayer
За воскресението на мртвите
12 Ако е јасно посведочено дека Христос воскресна од мртвите, како тоа некои од вас велат дека мртвите нема да воскреснат? 13 Ако е невозможно мртвите да воскреснуваат, тогаш ни Христос не воскреснал! 14 А ако Христос не воскреснал, тогаш се без основа и нашето проповедање и вашата вера! 15 Зашто, би испаднало дека тоа што ние го кажуваме за Бог е лага, бидејќи ние сме сведоци дека Бог Го воскресна Христос; а ако е невозможно мртвите да воскреснуваат, тогаш значи Бог не Го воскреснал Христос! 16 Ако е невозможно мртвите да бидат воскреснати, произлегува дека ни Христос не бил воскреснат. 17 Ако Христос не бил воскреснат, тогаш вашата вера е безвредна - вие сте и понатаму под осуда на вашите гревови! 18 Тоа би значело дека и луѓето што починаа со вера во Христос се неповратно загинати! 19 Ако ние се надеваме на Христос само за овој живот, тогаш ние сме најмизерни од сите луѓе на светот!
20 Но Христос воскресна од мртвите! Тој стана прв плод од големата жетва на сите што ќе бидат воскреснати од мртвите.
21 Како што смртта дојде на овој свет преку еден човек, Адам, така преку еден човек дојде и воскресението на мртвите, имено, преку Христос. 22 Како што сите умираме поради нашата поврзаност со Адам, така сите што се поврзани со Христос повторно ќе оживеат[a], 23 но според утврдениот ред. Прво воскресна Христос, а потоа, кога Тој ќе се врати, ќе воскреснат и Христовите следбеници. 24 Потем ќе дојде крајот. Христос ќе ги уништи сите зли владетели, власти и сили и ќе Му го предаде царувањето на Таткото Бог. 25 Зашто Христос ќе владее се додека не ги собори и згази сите Свои непријатели. 26 Последниот непријател што ќе биде уништен ќе биде смртта. 27 Кога Светото Писмо вели: „Се ќе покори под Своите стапала,“ јасно е дека тоа не Го вклучува Бога, зашто Бог е Тој што ќе покори се и ќе Му го потчини на Христос. 28 Кога се ќе биде под власта на Божјиот Син, тогаш Самиот Тој ќе Му се потчини на Бог, Кој претходно Нему Му потчини се. Така Бог целосно ќе владее над се.
Исус
и се покажува на Марија Магдалена 9 Рано изутрината во неделата, кога Исус воскресна од мртвите, и се појави на Марија од Магдала. (Порано Исус ја беше ослободил од седум демони кои беа во неа.)
10[a]
................................................................................................................................ 10 Таа отиде и им кажа на Исусовите следбеници кои тагуваа и плачеа. 11 Но тие, кога слушнаа дека Исус е жив, не поверуваа, иако Марија им кажа дека Го видела.
Исус им се покажува на двајца Свои ученици
(Лк. 24:13-25) 12 Подоцна, Исус им се појави и на двајца Свои ученици, но во поинаков изглед. Тие тогаш одеа по пат, кон едно село. 13 Кога овие двајца им раскажаа за ова на другите, тие не им поверуваа.
Упатства од Исус до Неговите следбеници
(Мт. 28:16-20; Лк. 24:36-49; Јвн. 20:19-23; Дела 1:6-8) 14 Потоа Исус им се покажа и на единаесеттемина Свои ученици, додека тие вечераа заедно. Тогаш ги укори поради нивното неверство и закоравеност на срцата, зашто не им веруваа на оние што Го беа виделе по Неговото воскресение. 15 Потоа им рече:
„Одете по целиот свет и проповедајте им ја Радосната вест на сите луѓе! 16 Секој што ќе поверува и ќе се крсти - ќе биде спасен. А секој што ќе одбие да поверува - ќе биде осуден. 17 Оние што ќе поверуваат, ќе можат да извршуваат чуда: со помош на Моето име ќе изгонуваат демонски духови, ќе зборуваат на нови јазици, 18 со раце ќе фаќаат змии, ќе испиваат отрови и нема да се отрујат, ќе исцелуваат болни со ракополагање врз нив.“
17) Вознесението на Исус
(Лк. 24:50-53; Дела Ап. 1:9-11) 19 Откако на Своите ученици им ги упати овие зборови, Господ Исус се вознесе на небото и седна до Бог, од Неговата десна страна[b].
20 А учениците се разотидоа и почнаа да проповедаат насекаде. Господ беше со нив и преку чудата што тие ги извршуваа потврдуваше дека тоа што го зборуваат е вистина[c].
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest