Book of Common Prayer
32 Би сакал да бидете ослободени од овоземните грижи. Неоженет човек може да му се посвети на Господовото дело, трудејќи се да Му угоди на Господ, 33 а оној што е оженет се грижи и за овоземни работи, бидејќи сака да и угоди и на својата сопруга. 34 Неговото внимание е поделено. На ист начин, и немажена жена или девојка можат да му се посветат на Господовото дело, па така ќе бидат свети и телесно и духовно. Мажената жена, пак, се грижи и за овоземни работи, за да може да му угоди на својот сопруг. 35 Ова ви го пишувам за ваше добро, а не за да ве ограничувам. Само сакам да Му бидете приврзани на Господ со неподелено внимание.
36 Ако некој има девојка[a] во зрели години и смета дека не е убаво да ја остави немажена, нека постапи според своето убедување. Бракот не е грев! 37 Но ако некој цврсто решил да не се жени, односно, не чувствува таква потреба и може да ги контролира сопствените страсти, тогаш нека не се жени, туку нека остане девственик[b]. И во тој случај добро ќе направи. 38 Значи, сосема е во ред ако некој реши да заснова брак, но уште подобро е ако човек може да остане самец.
39 Секоја сопруга има обврска да остане со својот сопруг се додека е тој жив. Ако тој почине, таа е слободна да се омажи за кого што сака, но треба да ги следи правилата на Господ[c]. 40 Сепак, верувам дека таа ќе биде посреќна ако не се премажува и, кога го велам ова, сметам дека Божјиот Дух ви дава совет преку мене.
Граѓаните на Назарет не Го сакаат Исуса
(Мт. 13:53-58; Лк. 4:16-30) 6 Исус си замина оттаму и заедно со Своите ученици се врати во својот град[a]. 2 Во саботата Тој отиде во синагогата да поучува. Многуброен народ занесно Го слушаше, прашувајќи се: „Од каде го знае сето ова? Од каде Му е оваа мудрост и моќ да прави чуда? 3 Не ли е ова дрводелецот - синот на Марија, братот на Јаков, Јосиф, Јуда и Симон? Нели сестрите Негови и денес живеат меѓу нас!?“ Така, жителите на Назарет со сомневање гледаа на Исус[b].
4 Затоа Исус им рече: „Пророкот добива признание отсекаде, освен од својот град, од своите роднини и од своето семејство!“ 5 Таму не можеше да направи многу чуда, освен што исцели неколку болни, допирајќи ги со Своите раце. 6 Остана изненаден од нивната неверба.
Исус одеше по околните села и поучуваше.
Дванаесетте апостоли во мисија
(Мт. 10:5-15; Лк. 9:1-6) 7 Потоа ги повика Дванаесетте апостоли и ги испрати по двајца, давајќи им моќ да изгонуваат демонски духови. 8 Им ги даде следниве упатства: „Патувајте само со стап[c] во рацете. Не носете со себе ни храна, ни торба, ни пари. 9 Носете сандали, но не и резервна облека. 10 Кога ќе ве прими некое семејство, останете кај него сe додека не си заминете од тој град. 11 Ако некое место не сака да ве прими и да ве слуша, одете си оттаму и истресете им го и правот од сандалите, како знак на осуда за нив.“
12 Тогаш апостолите заминаа и им проповедаа на луѓето да Му се вратат на Бог. 13 Изгонуваа многу демонски духови и исцелуваа голем број болни, премачкувајќи ги со маслиново масло[d].
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest