Book of Common Prayer
Стремеж кон целта
12 Јас не велам дека веќе сум успеал да го постигнам тоа, или дека сум станал совршен. Но, и понатаму се стремам да ги постигнам целите заради кои Исус Христос ме придоби. 13 Се разбира, драги пријатели христијани, јас не мислам дека веќе сум успеал да го достигнам тоа[a], но мислам дека успеав да го заборавам она што е зад мене и од се срце да се стремам кон она што е пред мене. 14 Трчам право кон целта, за да ја добијам наградата, небесното жителство за кое Бог, преку Исус Христос, не повика.
15 Сите што сте духовно зрели, вака треба да размислувате. Ако во нешто не се согласувате, верувам дека Бог тоа ќе ви го разјасни. 16 Но важно е да продолжиме да се придржуваме до вистината што веќе ја прифативме.
17 Драги пријатели христијани, одете по моите стапки. Гледајте на оние што го следат нашиот пример. 18 Многу пати досега сум ви го кажал ова, а и сега, со солзи во очите ќе ви го повторам: има многу луѓе кои според начинот на кој живеат му се непријатели на Христовиот крст[b]. 19 Тие ќе завршат во пеколот[c], бидејќи нивните телесни желби[d] им се бог. Се гордеат со она од што би требало да се срамат и размислуваат само за овоземни работи. 20 За разлика од нив, ние сме жители на небото и желно очекуваме нашиот Спасител, Господ Исус Христос, оттаму да дојде. 21 Тој ќе ги преобрази нашите слаби, смртни тела и ќе ги направи слични на Неговото славно тело, со истата моќ со која ќе ја преземе власта над се.
Исус се моли за Себе
17 Откако Исус ги искажа овие работи, го подигна погледот кон небото и почна да се моли:
„Татко, дојде часот да Го прославиш Својот Син, за да може Синот да Те прослави Тебе; 2 зашто, Ти Му даде власт над сите луѓе, да може да им даде вечен живот на сите оние што Му ги имаш дадено. 3 А вечен живот е ова: да Те познаат Тебе, единствениот вистински Бог, и Исус Христос, Кого Ти Го испрати‘. 4 Јас Ти донесов слава овде на Земјата со тоа што ја извршив задачата што Ти ми ја довери. 5 А сега, Татко, врати ми ја одново славата што ја имав со Тебе пред создавањето на светот.
Исус се моли за Своите следбеници
6 Татко! Јас Те објавив на луѓето што Ти ми ги даде од светот. Твои беа, но Ти ми ги даде и тие ја послушаа Твојата порака. 7 Сега знаат дека се што имам, Ти Си ми го дал, 8 зашто пораката што Ти ми ја даде, им ја пренесов и тие ја прифатија. Сега знаат дека од Тебе дојдов и веруваат дека Ти Ме испрати.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest