Book of Common Prayer
Единство и скромност
2 Затоа, ако наоѓате охрабрување во фактот дека сте Христови следбеници, ако Неговата љубов ве утешува, ако имате заедништво со Светиот Дух, ако сте чувствителни и сочувствувате еден спрема друг, тогаш 2 потрудете се мојата радост да биде целосна со тоа што ќе бидете сложни, ќе се сакате, и здружени ќе се стремите кон една иста цел.
3 Немојте да правите ништо од себичност, од ривалство и со цел да се истакнете, туку работете скромно и негувајте повисоко мислење за другите, отколку за себе. 4 Не гледајте си ги само сопствените интереси, туку грижете се и за потребите на другите. 5 Размислувајте онака како што размислуваше Исус Христос:
6 Тој, иако по Својата природа е Бог,
не ја искористи Својата еднаквост со Бог
за да приграби нешто за Себе.
7 Напротив, се откажа од тоа и стана слуга,
се роди во човечко тело
и живееше како човек.
8 Како човек, Тој се понижи, остана покорен
и по цена на Својот живот,
и понизно умре распнат на крст.
9 Затоа Бог Го воздигна и Му даде име
поголемо од секое друго име.
10 Пред тоа име, пред Исус,
сите суштества на колена ќе клекнат:
небесните, земните и оние под земјата,
11 сите отворено ќе признаат дека
Исус Христос е Господ!
Тоа ќе Му донесе
слава на Бог Таткото.
Бидете светала во овој свет
12 Затоа, драги мои, како што бевте послушни додека бев кај вас, уште поважно е да останете послушни и сега, кога сум отсутен. Продолжете да работите, со длабока страхопочит, за да се заокружи вашето спасение, 13 зашто Бог дејствува во вас, за да ве направи желни и способни да го работите она што Тој го сака.
15 Симон Петар и еден друг ученик одеа по Исус. Тој ученик се познаваше со Првосвештеникот, па влезе заедно со Исус во дворот на Првосвештеникот, 16 а Петар остана надвор, пред влезот. Тогаш другиот ученик, кој се познаваше со Првосвештеникот, излезе и откако зборуваше со вратарката, го внесе и Петар внатре.
17 А вратарката му рече на Петар: „Да не си и ти еден од учениците на Овој човек?“ „Не сум!“ - и одговори тој.
18 Беше студено, па слугите и гардистите стоеја околу огнот што го запалија и се грееја. И Петар дојде кај нив, за да се стопли.
Петар повторно се откажува од Исус
(Матеј 26:71-75; Марко 14:69-72; Лука 22:58-62) 25 Додека Симон Петар се уште стоеше таму и се грееше, некој го праша: „Да не си и ти еден од учениците на Оној човек?“ Петар вторпат одрече, велејќи: „Не сум!“
26 Еден од слугите на Првосвештеникот, кој му беше роднина на Малхус, на кого Петар му го отсече увото, рече: „Зар не те видов и тебе во градината со Оној човек?“ 27 Петар третпат одрече и во тој момент запеа петел.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest