Book of Common Prayer
7 За време на Својот живот на Земјата Исус ги изнесуваше Своите молитви и молби низ гласен плач и низ солзи, упатени до Бог, Кој можеше да Го спаси од смрт. Молитвите Му беа услишани, заради почитта што Тој ја искажуваше спрема Бог. 8 Иако Исус беше Божји Син, сепак, преку лични страдања мораше да дознае што значи да се биде послушен. 9 На тој начин Исус стана совршен Првосвештеник и извор на вечно спасение за сите што Нему Му се послушни. 10 Затоа Бог Го одреди за Првосвештеник од редот на Мелхиседек.
Прекори за бавен духовен растеж
11 Толку многу работи имаме да ви зборуваме за ова, но се чини дека вам слушањето тешко ви паѓа и затоа слабо разбирате. 12 Веќе долго време сте христијани и досега требаше вие да подучувате други луѓе. Наместо тоа се уште некој треба вас да ве учи на првите лекции од Божјата порака. Уште сте како бебиња што можат да пијат само млеко и не можат да јадат тврда храна. 13 А тој што се храни само со млеко, во духовниот живот, се уште е дете и не умее да постапува праведно. 14 Тврдата храна е за зрелите, за оние што со постојана практика го имаат извежбано чувството да го разликуваат правилното од погрешното, и го извршуваат правилното.
16 Зашто Бог толку ги засака луѓето од овој свет, што Го даде Својот Единороден Син, за да не загине ниту еден што верува во Него, туку да има вечен живот. 17 Бог не Го испрати Својот Син во светот за да го осуди светот, туку да го спаси преку Него. 18 Ниту еден што верува во Него нема да биде суден. Оној, пак, што не верува, веќе е осуден, затоа што не поверувал во Единородниот Божји Син.
19 Пресудата гласи: „Светлината дојде на светот, но луѓето ја засакаа темнината повеќе од Светлината, затоа што постапките им беа зли. 20 Секој што врши зло ја мрази Светлината и не доаѓа кај неа, за да не се разоткријат неговите гревови. 21 Оној, пак, кој живее според вистината, доаѓа кај Светлината за да се види дека неговите постапки се направени во послушност спрема Бог.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest