Book of Common Prayer
Исус е повозвишен од Мојсеј
3 Свети мои браќа, припадници на небесната покана: погледнете Го Исуса, Кого Бог Го испрати и Го назначи како Првосвештеник на нашата вера! 2 Тој Му беше верен на Бог, Кој Го постави, исто како што Мојсеј верно служеше и му беше доверен целиот Божји дом. 3 Но Исус заслужува поголема слава од Мојсеј, исто како што градителот заслужува поголема почит од градбата. 4 Секоја куќа има свој градител, а Бог е градител на се.
5 Навистина, и Мојсеј беше верен во Божјиот дом, но само како слуга. Неговата работа беше илустрација на вистините што Бог подоцна ќе ги објави. 6 Но Христос е верен Син и затоа Тој го раководи целото Божјо семејство, а тоа семејство сме ние, ако останеме храбри и не ја загубиме нашата надеж во Христос.
Треба да
и останеме верни на Божјата порака 7 Затоа, како што вели Светиот Дух:
„Ако денес го слушнете Божјиот глас,
8 не стврднувајте ги вашите срца како вашите предци
кога кренаа бунт против Бог
и Го предизвикуваа во пустината!
9 Таму вашите предци Ме предизвикуваа,
иако четириесет години ги гледаа Моите дела!
10 Тогаш се разгневив против тие луѓе и реков:
Срцата на овие луѓе им се постојано во заблуди;
не ги слушаат упатствата што им ги давам!
11 Затоа, разгневен се заветував, велејќи им:
,Вие нема никогаш да влезете во местото на Моето спокојство[a]!‘ “
Исус ги повикува Филип и Натанаел
43 Следниот ден Исус реши да замине во Галилеја. Таму го најде Филипа и му рече: „Дојди и биди Мој следбеник!“
44 Филип беше од Бетцаида, од каде што беа Андреј и Петар. 45 Филип го побара Натанаел и му рече:
„Го најдовме Оној Кого Мојсеј Го навести во Божјиот Закон и Кого пророците Го претскажаа. Тоа е Исус, синот на Јосиф од Назарет.“
46 Натанаел му рече: „Може ли нешто добро да произлезе од Назарет!?“
„Дојди, па види!“ - му одговори Филип.
47 Исус забележа дека Натанаел доаѓа кај Него, па рече:
„Еве чесен човек - вистински Израелец[a]!“
48 „Од каде ме знаеш?“ - го праша Натанаел.
„Пред да те повика Филип, Јас те видов кога беше под смоквата“ - му одговори Исус.
49 На ова, Натанаел Му рече: „Раби, Ти си Божјиот Син! Ти си Царот на Израел!“
50 Исус, пак, му рече: „Дали го веруваш тоа само затоа што ти реков дека те видов под смоквата? Ќе видиш и поголеми нешта!“ 51 Потоа додаде: „Ве уверувам дека ќе го видите небото отворено и Божјите ангели како се искачуваат и слегуваат[b] над Мене, Синот Човечки!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest