Book of Common Prayer
Коњаник на бел коњ: враќањето на Исус!
11 Потоа небото се отвори и се појави еден бел коњ. Коњаникот Го нарекуваа ‚Верниот и Вистинитиот‘ и Тој е секогаш справедлив кога суди или кога војува. 12 Очите Му светат како огнен пламен, а на главата носи многубројни круни. Името Му беше напишано, но само Тој знае што значи тоа име.
13 Коњаникот носеше облека натопена во крв; Тој е познат и под името ‚Божји Збор‘. 14 Во Негова придружба беа цели војски од небото, качени на бели коњи, облечени во облеки од чисто, бело ленено платно[a]. 15 Од устата Му излегуваше остар меч, со кој ќе ги порази неверните народи. Тој ќе владее над нив со железен скиптар и ќе го изгази грозјето во кацата на зоврениот гнев на Семоќниот Бог. 16 На Неговата облека, отстрана, беше напишано: ,Цар над царевите и Господар над господарите‘.
Раѓањето на Исус, Месијата
18 А еве како се случи раѓањето на Исус, Месијата: Неговата мајка Марија беше свршена за Јосиф; но, уште додека таа беше девица, преку Светиот Дух во нејзината утроба се зачна дете. 19 Тогаш нејзиниот свршеник Јосиф, кој беше праведен човек и не сакаше јавно да ја посрами, реши во тајност да ја остави. 20 Но токму кога науми да го стори тоа, насон му се јави ангел Господов и му рече: „Јосифе, чедо Давидово, не плаши се да ја земеш Марија за жена, зашто Детето зачнато во неа е од Светиот Дух. 21 Таа ќе роди Син на кој ќе Му дадеш име Исус[a], зашто Тој ќе го спаси својот народ од неговите гревови.“
22 А сето ова се случи за да се исполни она што Господ го беше кажал преку пророкот Исаија: 23 „Ете, девица ќе зачне и ќе роди Син; и ќе го наречат Имануел, што во превод значи ,Бог е со нас.‘“
24 Кога стана од спиење, Јосиф постапи така како што му беше наредил ангелот Господов, и ја зеде Марија за своја жена. 25 Но Јосиф ја запази Марија како девица, се додека таа не роди Син[b], на кој тој Му даде име Исус.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest