Book of Common Prayer
7) До млаката црква во Лаодикеја
14 „До гласникот[a] на црквата во Лаодикеја напиши го следново:
Ова ви го порачува Тој што е Амин, Верниот Сведок на вистината, Зачетникот[b] на Божјите созданија:
15 Вашите дела ми се познати! Вие не сте ни студени ни жешки! Барем да бевте или студени или жешки! 16 Вака, бидејќи не сте ни жешки ни студени, туку сте млаки - ќе ве изблујам од Мојата уста! 17 Вие велите: ,Богати сме, си имаме напластено големи богатства и ништо не ни треба!‘ Но вие не сте свесни дека сте за жалење: мизерни, бедни, слепи и голи! 18 Ве советувам од Мене да си купите злато во оган пречистено, та да се збогатите; и бели облеки, за да си ја покриете голотијата; и маст за очите, за да прогледате!
19 Јас ги укорувам и ги дисциплинирам сите што ги љубам. Затоа, бидете решителни и покајте се!
20 Еве, Јас стојам пред вратата и тропам. Ако некој Ме чуе и Ми отвори, Јас ќе влезам во неговиот дом и ќе вечераме заедно, како пријатели. 21 Оние што ќе излезат како победници, ќе седат заедно со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и сега заедно со Мојот небесен Татко седам на Неговиот престол.
22 Ако имате слух, послушајте го тоа што Божјиот Дух им го порачува на црквите!“
Кога ќе се врати Христос?
(Мк. 13:28-37; Лк. 21:29-33; 17:26-36) 32 „Сфатете ја оваа споредба преку примерот со смоквата: штом ќе и се подмладат гранките и ќе пуштат лисје, знаете дека наближува летото. 33 Така и вие, кога ќе видите дека сите овие случки што ви ги опишав се одвиваат, ќе знаете дека дошло времето и веќе е на прагот. 34 Ве уверувам дека сите овие настани ќе се одиграат пред да изумре оваа генерација[a]. 35 Небото и Земјата ќе ги снема, но Моите зборови ќе останат!
36 А денот и часот на Христовото враќање никому не му се откриени, дури ни на ангелите на небото, ниту пак на Божјиот Син[b]. Само небесниот Татко ги знае. 37 Кога ќе дојде Синот Човечки[c], состојбата во светот ќе биде како во времето на Ное. 38 Имено, пред самиот потоп, луѓето јадеа, пиеја, се женеа и се мажеа се до денот кога Ное влезе во бродот; 39 и не сфатија што се случува, додека не дојде потопот и ги однесе сите. Така ќе биде и кога ќе се врати Синот Човечки. 40 Во тој миг, од двајца што ќе работат на нива, едниот ќе биде земен на небото, а другиот оставен; 41 од две жени што ќе мелат во мелница, едната ќе биде земена, а другата оставена.
42 Значи, бидете подготвени, зашто не го знаете денот во кој вашиот Господ ќе се врати. 43 Но да знаете дека, кога еден домаќин би знаел во кое време на ноќта ќе му дојде крадец, тој би останал буден и не би дозволил да му провали во куќата! 44 Значи, бидете духовно подготвени, зашто Јас, Синот Човечки, ќе дојдам во час во кој не Ме очекувате!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest