Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Book of Common Prayer

Daily Old and New Testament readings based on the Book of Common Prayer.
Duration: 861 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Amos for the version: Macedonian New Testament
Откровение 2:8-17

2) До прогонетата црква во Смирна

До гласникот[a] на црквата во Смирна, напиши го следново:

Ова ви го порачува Првиот и Последниот - Оној што умре и оживе:

Знам за вашите страдања и сиромаштија, но вие сте богати! Знам и за навредите што ви ги нанесуваат луѓе кои себеси се сметаат за Божји народ[b], а не се! Тие се сатанско собрание!

10 Не плашете се од страдањата што ве очекуваат. Наскоро, Ѓаволот некои од вас ќе искуша, фрлајќи ги в затвор. Ќе страдате „десетина дена“. Останете Ми верни дури и ако ве осудат на смрт и Јас ќе ве наградам со венецот[c] на животот!

11 Ако имате слух, послушајте го тоа што Божјиот Дух им го порачува на црквите!

3) До попустливата црква во Пергам

12 „До гласникот[d] на црквата во Пергам напиши го следново:

Ова ви го порачува Оној што држи двострано остар меч:

13 Знам дека живеете во престолнината на Сатаната! Знам и дека цврсто се држите до верата во Моето име. Таму, во жилиштето на Сатаната, вие не се откажавте од верата во Мене ни тогаш кога од вас го зедоа Мојот верен слуга Антипа и го убија.

14 Но имам неколку забелешки против вас: меѓу вас има следбеници на учењето на Балаам[e]. Тој беше оној што го подучи Балак да ги заведе Израелците да јадат месо жртвувано на идоли и да блудничат. 15 Некои од вас, пак, се следбеници на николаитите[f]. 16 Покајте се! Ако не, ќе дојдам кај вас и ќе војувам против тие луѓе со зборови[g] што ќе сечат како меч!

17 Ако имате слух, послушајте го тоа што Божјиот Дух им го порачува на црквите!

Матеј 23:13-26

Осуда на свештеничкото лицемерство

13 „Тешко вам, вероучители и фарисеи[a], лицемери ниедни! Вие пред носот на луѓето им ги затворате вратите на небесното царство: ниту вие влегувате, ниту ги пуштате да влезат оние кои се обидуваат!

14 (Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Вие ги искористувате вдовиците и ги ограбувате нивните домови, а потоа редите долги молитви! Затоа вие ќе бидете посурово казнети!)[b]

15 Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Океани и земји обиколувате за да придобиете еден следбеник, а кога ќе го придобиете го претворате во син на пеколот, двапати полош од вас!

16 Тешко вам, слепи водачи, кои велите: ,Ако некој се заколне во Божјиот храм, тоа на ништо не го обврзува, но ако се заколне во црковното злато, тогаш, тоа го обврзува!‘ 17 Безумници и слепци ниедни! Што е поважно: златото или храмот што го прави златото да биде свето!? 18 И ова го велите: ,Ако некој се заколне во олтарот, тоа на ништо не го обврзува, а ако се заколне во жртвениот прилог на олтарот, тогаш, тоа го обврзува!‘ 19 Слепци ниедни! Што е поважно: жртвениот прилог на олтарот или олтарот што го прави прилогот да биде свет!? 20 Тој што се заколнува во олтарот, се заколнува во него и во се што е на него! 21 Тој што се заколнува во храмот, се заколнува во него и во Бога Кој е присутен во него! 22 Тој што се заколнува во небото, се заколнува во Божјиот престол и во Бога, Кој седи на него!

23 Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Вие давате десеток од зачините, како што се нането, копрата и кимот, а ги запоставувате најважните барања на Божјиот Закон: праведноста, милоста и верата! Да, десеток треба да давате, но не смеете да ги запоставувате најважните работи. 24 Слепи водачи ниедни! Комарец цедите, а камила голтате!

25 Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Чашите и чиниите однадвор ги миете, а однатре се полни со она што сте го зеле преку грабеж и себично лакомство! 26 Слеп фарисеју! Прво нека биде чисто тоа што е во чашата, па ќе и биде чиста и надворешноста!

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest