Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Book of Common Prayer

Daily Old and New Testament readings based on the Book of Common Prayer.
Duration: 861 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: 1Kgs for the version: Macedonian New Testament
Дела Ап 26:1-23

Павловата одбрана пред Агрипа

26 Потоа Агрипа му рече на Павле: „Можеш да почнеш да ја изложуваш својата одбрана.“

Тогаш Павле ја испружи раката во знак на поздрав[a], и ја започна својата одбрана:

„Царе Агрипа, имам голема среќа што можам пред Вас да ја изнесам мојата одбрана во врска со се она за што ме обвинуваат Евреите, зашто вие сте добар познавач на еврејските обичаи и расправии. Затоа ве молам внимателно да ме ислушате.

Сите Евреи знаат каков беше мојот живот уште додека бев млад, кога живеев во Ерусалим, меѓу мојот народ. Ме познаваат веќе долго време и ако сакаат можат да потврдат дека јас бев фарисеј, што значи дека живеев според најстрогите прописи на нашата вера. Сега сум изведен пред суд, затоа што верувам дека Бог ќе го исполни она што им го вети на нашите прататковци. А сите дванаесет еврејски племиња ревносно Му се поклонуваат на Бог ден и ноќ, очекувајќи го исполнувањето на истата вера! Заради таа моја вера, царе, јас денеска сум обвинет од Евреите. Зошто вам ви се чини неверојатно дека Бог ќе ги воскресне мртвите!?

Порано и јас верував дека треба со сите свои сили да им се противставам на следбениците на Исус од Назарет[b]. 10 Така и правев. Имав добиено овластување од Првосвештениците, па многу христијани од Ерусалим одведов в затвор. Кога им се судеше и кога беа осудувани на смрт и јас гласав против нив. 11 Ги казнував по сите синагоги и со примена на сила се обидував да ги натерам да Го навредуваат Христос. Толку строг бев против нив, што ги прогонував дури и во далечни градови, надвор од нашата земја!

Павле зборува за своето преобраќање во христијанството

12 При еден таков потфат тргнав за Дамаск со овластување и задача од Првосвештениците. 13 Додека патував, Ваше Величество, сред бел ден видов светлина посилна од сончевата што блесна во мене и во моите придружници. 14 Сите паднавме наземи! Тогаш јас слушнав глас, кој на еврејски јазик ми рече: ,Савле, Савле, зошто Ме прогонуваш!? Лошо ќе поминеш ако клоцаш против остен[c]!‘ 15 ,Кој сте Вие, Господине?‘ - прашав, а Господ ми одговори: ,Јас сум Исус, Оној што Го прогонуваш! 16 Стани, исправи се на нозе! Јас ти се појавив за да те назначам за Свој служител и сведок: да им го кажуваш на луѓето ова што го виде и она што допрва ќе ти го откријам. 17 А јас ќе те заштитувам од твојот народ и од другите народи кај кои те испраќам 18 за да им ги отвориш очите, па да се обратат од темнина кон светлина, од власта на Сатаната кон Бог. Така ќе добијат простување за своите гревови и наследство заедно со сите други што станаа Божји народ, одбрани преку вера во Мене.‘

Павле зборува за своето проповедање

19 Така, царе Агрипа, јас не откажав послушност спрема ова видение што ми дојде од небото. 20 Почнав да им проповедам, најпрво на Евреите во Дамаск, а потоа во Ерусалим и во сите области на Јудеја. Потоа продолжив да им проповедам и на нееврејските народи, да им објаснувам дека треба да се покаат и да се свртат кон Бог, и со своето поведение на дело да потврдат дека навистина се покајале. 21 Поради ова, додека бев во храмот, група Евреи ме фатија и се обидоа да ме убијат. 22 Но се до денешен ден Бог ми беше на помош и еве стојам овде и им сведочам на сите, на обични луѓе и на моќници. Не проповедам ништо различно од она што е веќе претскажано од пророците и од Мојсеј: 23 дека Месијата требаше да настрада и дека како првовоскреснат од мртвите Тој им ја покажа светлината[d] и на Евреите и на сите други народи.“

Марко 13:14-27

4) Последните неволи

(Мт. 24:15-21; Лк. 21:20-24) 14 Во продолжение Исус рече: „Кога ќе видите дека ,богохулникот[a] што пустоши‘ се сместува таму каде што не би смеел (секој што го чита ова, треба да го разбере!), тогаш тие што живеат во Јудеја нека бегаат во планините! 15 Кој ќе се најде искачен на покрив, нека не слегува во куќата за да земе нешто, 16 а кој ќе се најде во полето, нека не се враќа дома по облека. 17 Тоа време ќе биде страшно за бремените жени и за доилките! 18 Молете се тоа да не се случи зиме! 19 Тоа ќе биде време на такви страдања какви што немало од почетокот на Божјото создавање досега, ниту пак другпат ќе ги има! 20 Кога Господ не би го скратил времетраењето на тие страдања, никој не би преживеал! Но заради избраниците Свои, Господ ќе го скрати тоа време.

21 Ако тогаш некој ви рече: ,Еве Го Месијата овде!‘ или ,Ене Го онде!‘ - не верувајте му! 22 Ќе се појават лажни месии и лажни пророци и ќе извршуваат чуда за да ги заведат по можност и Божјите избраници! 23 Бидете внимателни! Ете, сe ви кажав однапред!“

5) Враќањето на Месијата

(Мт. 24:29-31; Лк. 21:25-28) 24 Во тоа време, веднаш по тие неволи „Сонцето ќе потемни и Месечината ќе престане да свети. 25 Ѕвезди ќе паѓаат од небото и небесните сили ќе се разнишаат[b].“ 26 Тогаш ќе Ме видат Мене, Синот Човечки, како доаѓам на облаците со величествена моќ и слава. 27 Тогаш ќе ги испратам Своите ангели да ги соберат Моите избраници од сите четири страни на светот, од крајот на Земјата, до крајот на небото.“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest