Book of Common Prayer
6 Да, верата е навистина големо богатство, бидејќи те учи да бидеш задоволен со тоа што го имаш. 7 Со празни раце доаѓаме на овој свет и кога ќе го напуштиме ништо не можеме да понесеме со себе. 8 Ако имаме храна и облека, треба да бидеме задоволни. 9 Оние што сакаат да бидат богати паѓаат во сите можни искушенија и стапици. Стануваат робови на неразумни и опасни страсти што на крајот ќе ги доведат до питачки стап и целосна пропаст. 10 Алчноста за пари е корен на сите зла. Некои луѓе се толку алчни по пари, што дури и од верата скршнаа и си нанесоа[a] многубројни болки.
Упатства за Божјите луѓе
11 Тимотеј, ти си Божји човек, затоа бегај од тие зла! Труди се да бидеш праведен, побожен, верен, да ги сакаш луѓето, да бидеш трпелив и кроток. 12 Бори се храбро за верата и држи се цврсто за неа, за да добиеш вечен живот. Токму за тоа Бог те одбра и ти веќе пред многу луѓе даде исклучително добро сведоштво! 13 Пред Бог, Кој му дава живот на се што постои, и пред Исус Христос, Кој даде добро сведоштво пред Понтиј Пилат, те задолжувам 14 беспрекорно да се придржуваш до сите заповеди, та никој да не може да ти најде мана, се до повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос.
15 Бог е нашиот единствен Владетел,
Цар на царевите и Господар на господарите.
Во определеното време Тој
пак ќе Го испрати Исус Христос кај нас.
16 Само Бог е бесмртен.
Тој живее во светлина
во која никој не може да Му пријде!
Човечко око не Го видело, ниту може да Го види.
Сета почит и власт Му припаѓаат Нему. Амин!
17 Предупреди ги богатите на овој свет да не ги обзема горделивост, ниту да се надеваат на своето богатство што лесно можат да го загубат! Кажи им да се потпрат на Бог, Кој обилно ни дарува се што ни е потребно за да уживаме во животот. 18 Советувај ги да прават добри дела, да помагаат, да бидат дарежливи, решени да го делат со другите луѓе она што го имаат. 19 Така ќе постават солиден темел за својата иднина, ќе се стекнат со вистински живот.
20 Тимотеј, чувај го тоа што ти го доверил Бог! Не учествувај во непристојни и празни разговори, во расправи за она што лажно се нарекува ‚знаење[b]‘. 21 Некои луѓе скршнаа од верата, поведувајќи се по такви работи.
Бог нека ви биде благонаклонет!
Идентитетот на Месијата
(Мт. 22:41-46; Лк. 20:41-44) 35 Подоцна, додека поучуваше во храмот, Исус рече: „Како можат вероучителите да тврдат дека Месијата му е син[a] на Давид, 36 кога самиот Давид, поттикнат од Светиот Дух, рекол:
,Му рече Јахве[b] на мојот Господ:
- Седни од Мојата десна страна,
додека не ги соборам Твоите непријатели
под нозете Твои!‘
37 Ако самиот Давид Го нарекол Месијата свој Господ, како тогаш Месијата може да му биде син!?“
Многубројниот народ со одушевување го слушаше учењето на Исус.
Исус ги критикува верските водачи
(Мт. 23:1-36; Лк. 20:45-47) 38 Продолжувајќи да поучува, Исус рече: „Пазете се од вероучителите! Тие уживаат да се шетаат во долги мантии и да бидат поздравувани на јавните места. 39 Ги сакаат челните места во храмовите[c] и почесните места на гозбите. 40 Тие им го изедуваат имотот на вдовиците, а божем се молат со долги молитви! Тие ќе бидат најстрого судени!“
Прилогот на една вдовица
(Лк. 21:1-4) 41 Исус седна во храмот спроти ковчежето за доброволни прилози и ги набљудуваше луѓето како пуштаат пари во него. Забележа дека голем број богати луѓе ставаа големи суми пари. 42 Дојде и една сиромашна вдовица и пушти две парички[d]. 43 Исус ги повика Своите ученици и им рече: „Ве уверувам дека оваа сиромашна вдовица даде повеќе од сите други! 44 Зашто, сите други дадоа од својот вишок, а таа даде од својата немаштија; даде сe што имаше, целата своја издршка.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest