Book of Common Prayer
4 Но, се додека наследникот е малолетен не се разликува многу од роб, иако тој е сопственик на се. 2 Старатели го чуваат и застапници ги водат работите во негово име, се додека не дојде времето што го определил неговиот татко.
3 Така е и со нас. Додека бевме духовно малолетни, им бевме потчинети на световните сили. 4 Кога дојде определеното време, Бог Го прати Својот Син. Тој се роди од жена и живееше под Законот. 5 Бог го испрати Христос за да не ослободи од Законот и, преку посвојување, да не направи Божји деца.
6 За да ви докаже дека и вие, неевреите, станавте Негови деца, Бог Го испрати во нашите срца Духот на Својот Син. Духот ви дава слобода да Му се обраќате на Бог со: „Аба[a]“, односно со „Татко“. 7 Така, сега не сте веќе робови, туку Божји деца, а штом сте Божји деца, вие ќе наследите се што е Божјо.
Апостол Павле е загрижен за Галатите
8 Порано, не познавајќи Го Бог, вие им робувавте на „богови“ кои по својата природа не се богови. 9 Сега Го познавате Бог, или поточно, Бог, познавајќи ве вас, ве одбра да Го запознаете. Како тогаш можете пак да им се враќате на тие слаби и бедни световни сили!? Зошто сакате повторно да станете нивни робови? 10 Почнавте да славите одредени денови, месеци, годишни времиња и години. 11 Страхувам за вас! Се плашам дека попусто се трудев околу вас.
ДЕЈСТВУВАЊЕТО НА ИСУС НАДВОР ОД ГАЛИЛЕЈА
Импресивната вера на една жена
(Мт. 15:21-28) 24 Заминувајќи си оттаму, Исус отиде во пределот на градовите Тир и Сидон. Се смести во една куќа и се трудеше никој да не дознае за тоа, но не можеше да остане во тајност. 25 Една жена, чија ќерка беше обземена од демонски дух, дозна каде е Исус. Веднаш дојде кај Него и падна на колена. 26 Жената беше Гркинка, родум од областа Феникија, во Сирија. Таа Го замоли Исуса да ја ослободи нејзината ќерка од демонот. 27 Но Исус и рече: „Дозволи најпрво Божјите избрани деца, Израелците, да се нахранат! Не е право да им се одземе лебот на децата и да им се даде на кучињата!“ 28 „Така е, Господине, но и кучињата под масата ги јадат трошките што им паѓаат на децата!“ – Му одговори таа. 29 Тогаш Исус и рече: „За ваквиот одговор, оди си, ќерка ти веќе ја излекував од демонскиот дух!“ 30 Кога жената се врати дома, ќерка и лежеше в постела излекувана од демонскиот дух.
Исус исцелува глувонем човек
31 Враќајќи се од месноста околу градот Тир, преку градот Сидон, Исус се упати назад кон Галилејското Езеро, во подрачјето на Декаполис[a]. 32 Му донесоа еден глувонем човек и луѓето Го молеа да го излекува со Својот допир. 33 Исус го тргна човекот настрана и со Своите прсти му ги допре ушите. Потоа со плунка на прстите му го намачка јазикот. 34 Со поглед кон небото и со длабока воздишка, Исус рече: „Хипатах!“ - што на арамејски јазик значи: „Отвори се!“ 35 Слухот на човекот веднаш му се отвори, а во исто време почна јасно и разбирливо да зборува. 36 Исус им нареди никому да не кажуваат за ова. Но, колку повеќе им забрануваше, толку повеќе тие зборуваа за тоа. 37 Сите беа исполнети со восхит и говореа: „Сe што прави Тој е добро! На глувите им дава слух, а на немите моќ на говор!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest