Book of Common Prayer
Повик на верност спрема Новиот завет
19 Според тоа, драги пријатели христијани[a], ние сега можеме смело да влеземе во Најсветото место. Тоа ни го овозможи жртвата[b] на Исус. 20 Тоа е тој нов пат, пат што дава живот, пат што го проби Христос за нас низ преградната завеса со тоа што во тело Тој умре за нас.
21 Затоа, сега кога имаме Првосвештеник Кој управува со Божјиот Дом, 22 да дојдеме пред Бог со искрени срца и со целосна доверба. Нашата совест е попрскана со Христовата крв и сега е чиста, нашите тела се измиени со чиста вода. 23 Да се држиме цврсто и без колебање за надежта што велиме дека ја имаме, бидејќи можеме да имаме целосна доверба дека Бог ќе го исполни ветувањето што ни го даде. 24 Да размислуваме како еден со друг да се поттикнуваме на љубов и добри дела. 25 Да не изостануваме од нашите заеднички богослужби, како што некои тоа имаат обичај да го прават, туку напротив, да се охрабруваме едни со други, особено сега кога гледате дека се приближува денот на враќањето на нашиот Господ!
Што ги очекува тие што ќе отпаднат
26 Ако продолжиме намерно да грешиме, откако сме биле запознати со вистината, нема веќе друга жртва што може да ги покрие нашите гревови. 27 Во таков случај нема што друго да се очекува освен Божјиот страшен суд и распламтениот оган што ќе ги проголта Неговите противници. 28 Ако двајца или тројца сведоци потврделе дека некој одбил да го спроведе Мојсеевиот Закон, тој безмилосно бил погубуван. 29 Што мислите, колку потешка ќе биде казната за оној што ќе Го омаловажи Божјиот Син, ќе ја смета крвта на заветот, која го исчистила од грев, за нешто обично и несвето и ќе Го навреди Светиот Дух Кој ни ја дарува Божјата благонаклоност!? 30 Зашто знаеме дека Оној што рекол: „Јас ќе се одмаздам, Јас ќе им платам на тие што заслужиле“, рекол и: „Господ ќе му суди на Својот народ[c]!“
31 Страшно е да се падне во рацете на живиот Бог!
2 А во Ерусалим, покрај Овчата порта, има една бања со пет тремови, која на хебрејски се вика Бетзата[a]. 3 Под тремовите лежеа многу болни: слепи, сакати и парализирани[b]. 5 Таму имаше еден човек, кој боледуваше веќе триесет и осум години. 6 Исус го виде како лежи и знаејќи дека веќе долго време боледува, му рече: „Сакаш ли да оздравиш?“
7 „Господине“, - Му одговори болниот - „нема кој да ме спушти во бањата кога ќе се разбранува водата. Додека јас да втасам - друг слегува пред мене!“.
8 „Стани, земи си ја постилката и оди си, зашто Јас те исцелив!“ - му рече Исус. 9 Човекот веднаш оздраве, си ја зеде постилката и почна да оди. Но тој ден беше сабота[c], 10 па затоа еврејските верски водачи му рекоа на исцелениот: „Сабота е! Забрането е да ја носиш постилката!“ 11 Тој им одговори: „Човекот што ме исцели, ми рече: ,Земи си ја постилката и оди!‘“
12 „Кој е тој човек што ти го рекол тоа?“ - го прашаа тие.
13 Излекуваниот, пак, не знаеше Кој е тој човек, затоа што Исус се беше повлекол[d] од толпата народ што беше на тоа место.
14 Подоцна, Исус го сретна во храмот и му рече: „Сега оздраве; не греши повеќе, за да не те снајде нешто уште полошо!“ 15 Човекот си замина и им кажа на еврејските верски водачи дека Оној што го исцели е Исус.
16 Поради ова, еврејските верски водачи почнаа да Го прогонуваат Исуса, зашто вакви работи правеше во саботите. 17 Но Исус им одговори: „Мојот небесен Татко не престанува да работи, па и Јас работам.“ 18 Заради ова, еврејските верски водачи уште поцврсто беа решени да Го убијат, зашто Тој не само што ја прекршуваше уредбата за саботата, туку и Бога Го нарекуваше Свој Татко[e], изедначувајќи се така со Бог.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest