Book of Common Prayer
Зауздување на јазикот
3 Драги пријатели, не треба сите да настојуваме да станеме учители во Црквата. Всушност, ние, учителите, ќе бидеме судени построго од другите луѓе. 2 Сите ние грешиме во многу работи, но ако умееме да си го зауздаме јазикот, тогаш сме зрели луѓе, па ќе можеме да го зауздаме и целото тело. 3 На коњите им ставаме узда во устата, за да ги натераме да ни се покоруваат и да одат онаму каде што ние сакаме. 4 Земете ги бродовите за пример. Тие се толку големи, а сепак кормиларот со мало кормило ги води онаму каде што сака, и покрај силните ветрови кои ги движат. 5 Така е и со јазикот. Мал орган е, но голема штета може да направи. Едно жарче може цела шума да запали!
6 Јазикот е оган, најопасен од сите наши органи. Во состојба е целото тело да го опогани. Јазикот може целиот наш живот да го запали, бидејќи се пали од самиот пекол. 7 Секое животно, било да е ѕвер, птица, влечуга или морско животно, се припитомува, или било припитомено од човекот, 8 но јазикот, ниеден човек не може да го припитоми. Тој е необуздано зло, полн е со смртоносен отров. 9 Со јазикот Го величаме нашиот Господ и Татко, а со истиот тој јазик ги колнеме луѓето коишто се создадени според Божјо подобие. 10 Од иста уста излегуваат и благослови и клетви. Треба ли, драги мои, така да биде!? 11 Може ли од ист извор да извира и слатка и горчлива вода? 12 Може ли, драги мои, смоквата да раѓа маслинки, а лозата смокви? Од солен извор не може да се црпи слатка вода!
Вистинската мудрост доаѓа од Господ
13 Има ли меѓу вас мудри и разумни луѓе? Ако има, покажете ја вашата мудрост и разумност со примерен живот, со постапки што ќе се одликуваат со скромност и ќе бидат направени мудро.
5. Споредба со скриеното богатство
44 „Небесното царство може да се спореди со богатство скриено во нива. Човекот што ќе го пронајде повторно го закопува и сиот радосен оди и продава се што поседува и ја купува таа нива.“
6. Споредба со бисерот
45 „Понатаму, небесното царство може да се спореди со трговец што трага по најскапоцениот бисер; 46 кога ќе го најде, тој оди и продава се што има и го купува.“
7. Споредба со рибарската мрежа
47 „Понатаму, небесното царство може да се спореди со голема рибарска мрежа што се фрла в море, при што зафаќа секаков вид риби. 48 Кога мрежата ќе се наполни, ја извлекуваат на брегот, седнуваат, и добрите риби ги издвојуваат во кошеви, а лошите ги фрлаат. 49 Така ќе биде и на крајот на светот: ќе излезат ангелите, ќе ги издвојат грешниците од праведниците, 50 и ќе ги фрлат во огнена печка, каде што ќе има пискоти и крцкање со заби.“
Спрега меѓу Стариот и Новиот завет
51 „Го разбравте ли сето ова?“ - ги запраша Исус. „Да!“ - Му одговорија тие. 52 А Тој им рече: „Тогаш, секој вероучител којшто станал ученик на небесното царство може да се спореди со домаќин кој од своите ризници ќе може да извади и ново[a] и старо.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest