Book of Common Prayer
21 Се срамам што ние за вакви работи се покажавме неспособни!
Знам дека е неразумно ова што ќе го кажам, но ако некој има смелост така да се фали, имам смелост и јас. 22 Тие биле Евреи! Па и јас сум! Биле Израелци! Па и јас сум! Биле потомци на Авраам! Па и јас сум! 23 Му служеле на Христос! Глупаво е што самиот за себе вака зборувам, но јас многу повеќе Му служам на Христос, многу повеќе работам, поради што многу почесто ме затвораат, ме тепаат и ми се закануваат со смрт! 24 Петпати сум камшикуван од Евреите, по триесет и девет удари со камшик! 25 Трипати сум тепан со стапови, еднаш сум каменуван, трипати сум преживеал бродоломи, цел ден и цела ноќ сум поминал во вода, на отворено море. 26 Често патував, и бев изложен на опасности од надојдени реки и од разбојници. Изложен сум на опасности и од моите сонародници, Евреите, и од паганите. Изложен сум на опасности и во град и во дивина, и на море. Изложен сум на опасности од лажни пријатели[a]. 27 Работам, се мачам, минувам бессони ноќи, гладен, жеден, постам, ѕемнам без доволно облека.
28 И покрај се што ме притиска, јас секојдневно се грижам за сите цркви. 29 Се случило ли некој да го фати слабост, а јас да не сочувствувам со него? Се случило ли некој да застрани, а јас да не согорувам?
30 Ако веќе морам да се фалам, ќе се фалам со она што ја покажува мојата немоќ. 31 Бог, Таткото на Господ Исус, Кому Му припаѓа вечна слава, знае дека не лажам.
ТРИ ГОЛЕМИ ЧУДА НА ИСУС
1) Исус смирува бура
(Мт. 8:23-27; Лк. 8:22-25) 35 Таа вечер, Исус им рече на Своите ученици: „Ајде да преминеме на другата страна од езероно!“ 36 Тие го отпуштија народот и испловија со бротчето во кое седеше Исус. Ги придружуваа и други бротчиња. 37 Одненадеж, голема бура го зафати езерото. Силни бранови удираа во бротчето и тоа беше во опасност да потоне.
38 Исус беше на задниот дел од бротчето и спиеше на перница. Учениците Го разбудија, викајќи: „Учителе, зар не ти е грижа што ќе загинеме!?“
39 Исус се разбуди и им заповеда на ветрот и на брановите: „Смирете се!“ Ветрот запре и настапи длабока тишина.
40 Потоа Исус им се обрати на учениците: „Зошто се исплашивте? Зар немате вера?“
41 А тие беа толку исплашени, што еден на друг си говореа: „Кој ќе е овој Човек кому и ветровите и брановите Му се покоруваат!?“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest