Book of Common Prayer
Светиот Дух доаѓа на помош
8 Затоа тие што се под закрила на Исус Христос нема да бидат осудени, 2 бидејќи со посредство на Исус Христос, силата[a] на животодавниот Дух ве ослободи од силата[b] на гревот, која води во смрт. 3 Мојсеевиот Закон не можеше да не спаси, поради грешната човекова природа. Но тоа што не можеше да го стори Законот, го направи Бог. Тој Го испрати Својот Син во тело слично на грешните човечки тела. Жртвувајќи Го Својот Син за нашите гревови, Бог ја уништи власта што гревот ја имаше во нас. 4 Така, она што Законот со право го бараше, беше исполнето за нас, кои не се раководиме според телесната природа, туку според водството на Духот.
5 Луѓето што се раководат според својата телесна природа мислат само на телесни работи, додека оние што допуштаат да ги води Божјиот Дух, мислат на духовни работи и се стремат кон нивно остварување. 6 Но раководењето според телесната природа води во смрт, а раководењето според Божјиот Дух донесува живот и мир. 7 Умот што се раководи од телесната природа е непријателски настроен спрема Бог. Тој не му се покорува на Божјиот Закон. Не може да му се покори. 8 Луѓето што се раководат од својата телесна природа не можат да Му угодат на Бог.
9 Но вие не се раководите според телесната природа, туку според водството на Духот, ако во вас навистина живее Божјиот Дух. (Ако некој Го нема во себе Духот на Христос, таквиот човек воопшто и не е христијанин!) 10 Ако, пак, Христос живее во вас, тогаш, навистина, вашето тело ќе мора да умре[c] поради гревот, но вашиот дух ќе живее, затоа што сте оправдани пред Бог.
25 Ве уверувам дека доаѓа време, и веќе е дојдено, кога мртвите ќе го слушнат Мојот глас - гласот на Божјиот Син. Оние што Му биле послушни - ќе живеат! 26 Зашто, како што Таткото е извор на живот, така Му даде и на Синот да биде извор на живот. 27 Тој Му даде на Синот и право да суди, затоа што Тој е Синот Човечки[a].
28 Не чудете се на ова, зашто доаѓа часот кога сите покојници ќе го слушнат гласот на Божјиот Син 29 и ќе излезат од гробовите: оние што правеле добро - ќе воскреснат за да живеат вечно, а оние што вршеле зло - ќе воскреснат за да бидат осудени на вечна казна!
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest