Book of Common Prayer
18 Чеда Божји, треба вистински да се сакаме, не само на зборови, туку на дело, со нашите постапки во секојдневниот живот. 19 Така ќе знаеме дека сме на страната на вистината, и ќе ја имаме неопходната увереност кога ќе застанеме пред Бог. 20 Па и кога нашата совест не обвинува, да не забораваме дека Бог е над нашата совест и дека Тој знае се.
21 Драги мои, кога имаме чиста совест можеме да пристапиме пред Бог со увереност. 22 Се што ќе побараме од Него, ќе добиеме, ако се држиме до Неговите заповеди и го правиме она што е во согласност со Неговата волја. 23 А Божјата заповед е да веруваме во Неговиот Син Исус Христос и да се сакаме еден со друг. Така ни заповеда и Исус. 24 Оние што се придржуваат до Божјите заповеди живеат во нераскинливо заедништво со Бог и Тој трајно живее во нив. Како знаеме дека Бог живее во нас? Доказ за тоа е Светиот Дух што ни го даде Христос.
Вистинскиот и лажниот дух
4 Драги мои, не верувајте му на секој што тврди дека во себе го има Божјиот Дух. Проверувајте дали духот што е во нив е од Бога, бидејќи по светот се појавија многу лажни пророци. 2 Вака ќе проверите дали некој во себе го има Божјиот Дух: ако проповеда дека Исус Христос дојде во човечко тело, тој е од Бога. 3 Секој што не Му оддава признание на Исус, не е од Бога, туку е од Антихристот. За Антихристот сте слушнале дека ќе дојде. Тој е веќе присутен во светот.
4 Чеда мои, вие Му припаѓате на Бог и веќе ги победивте овие непријатели. Божјиот Дух што е во вас е посилен од духот што е во световните луѓе. 5 Тие луѓе му припаѓаат на овој свет. Световно зборуваат и светот ги слуша. 6 Ние, пак, Му припаѓаме на Бог. Тие што Го знаат Бога, не слушаат, а тие што не се на Божја страна, не не слушаат. Така распознаваме дали некој е со Духот на вистината или со духот на заблудата.
Исус
- воскресение и живот 17 Кога Исус пристигна во Бетанија, Му кажаа дека Лазар е веќе четврт ден во гробот. 18 Бетанија беше близу до Ерусалим, на оддалеченост од околу три километри[a]. 19 Многу сонародници на Марта и Марија беа кај нив, за да ги утешуваат по повод смртта на нивниот брат. 20 Кога Марта дозна дека Исус доаѓа, таа Му појде во пресрет, а Марија остана дома.
21 Марта Му рече на Исус: „Господе, да беше Ти овде мојот брат немаше да умре! 22 Но, знам дека Бог ќе Ти даде и сега, се што ќе посакаш од Него!“
23 „Брат ти ќе воскресне!“ - и одговори Исус.
24 Марта Му рече: „Знам дека ќе воскресне на крајот, кога ќе биде воскресението.“
25 Тогаш Исус и одговори: „Јас сум Тој што воскреснува и дава живот! Секој што верува во Мене, ќе живее, дури и ако умре! 26 Секој што ќе поверува во Мене за време на својот живот, никогаш нема да вкуси вечна смрт! Веруваш ли во тоа?“
27 „Да, Господе“, - Му одговори Марта - „јас поверував дека Ти си Месијата, Божјиот Син, што Го очекувавме да дојде на светот!“
Исус просолзува
28 Откако го рече ова, Марта си замина и кришум ја повика својата сестра Марија, па и соопшти: „Учителот е овде и те вика!“ 29 Штом го слушна тоа, Марија бргу стана и Му појде во пресрет.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest