Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Book of Common Prayer

Daily Old and New Testament readings based on the Book of Common Prayer.
Duration: 861 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Gen for the version: Macedonian New Testament
Евреите 8

Христос е вистинскиот Првосвештеник

Најважното во ова излагање е дека нашиот Првосвештеник седи на најпочесното место на небото, од десната страна на Бог. Таму Тој служи во Најсветото место, во вистинското светилиште[a] изградено од Господ, а не од човечка рака.

Бидејќи секој свештеник треба да принесува дарови и жртви, така и нашиот Првосвештеник мора да има нешто да принесе. Да беше Тој на Земјата немаше ни да биде свештеник, зашто овде има други свештеници кои принесуваат дарови, какви што бара Мојсеевиот Закон. Но светилиштето[b] во кое тие служат е само копија и сенка на она вистинското, кое е на небото. Кога Мојсеј се подготвуваше да го изгради светилиштето, Бог го предупреди: „Внимавај да го направиш точно според моделот што ти беше покажан овде на гората[c]!“ А на нашиот Првосвештеник, Христос, Му беше доверена многу повозвишена служба од службата на оние што служат под старите закони, затоа што Тој гарантира за нас подобар завет со Бог, кој почива врз повозвишени ветувања.

Ако првиот завет беше беспрекорен, немаше да има потреба да биде заменет со втор завет. Бог лично не беше задоволен од народот, па рече:

„Ќе дојде ден кога со израелскиот и со јудејскиот народ ќе склучам нов завет, поинаков од заветот што го бев склучил со нивните предци, кога водејќи ги за рака ги изведов од Египет. Тие го прекршија Мојот завет, па затоа и Јас им го свртев грбот.

10 Ова е новиот завет што јас ќе го склучам со израелскиот народ во тој ден: Јас, Господ, ќе ги ставам Моите закони во нивните умови и ќе ги запишам во нивните срца. Јас ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ. 11 Никој од нив повеќе не ќе треба да го учи соседот свој или братот свој, велејќи му: ,Треба да Го запознаеш Господ‘, зашто сите ќе Ме познаваат, од мало до големо. 12 Ќе им ги простам нивните престапи и никогаш повеќе нема да ги спомнувам нивните гревови!“

13 Кога Господ зборува за Нов завет, тоа значи дека претходниот го прогласува за застарен. А се што е застарено и бескорисно набргу ќе исчезне!

Јован 4:43-54

Исус го исцелува синот на царскиот службеник

43 А по тие два дни Исус си замина оттаму за Галилеја. 44 Претходно Исус беше изјавил дека пророците ги почитуваат насекаде, освен во нивниот роден крај. 45 Кога дојде во Галилеја, Галилејците Го примија, бидејќи беа виделе се што Тој беше направил за време на празникот Пасха во Ерусалим, зашто и самите беа присутни таму.

46 Тогаш Исус повторно отиде во Галилејска Кана, каде што ја беше претворил водата во вино. Таму имаше еден царски службеник, чиј син лежеше болен во градот Кафарнаум. 47 Штом слушна дека Исус дошол од Јудеја во Галилеја, службеникот отиде кај Него и Го молеше да дојде и да го исцели неговиот син, кој беше на умирање.

48 На тоа, Исус рече: „Никогаш не верувате, доколку не видите натприродни докази и чуда!“

49 „Господине!“ - Му рече царскиот службеник - „Дојди додека не ми умрело детето!“

50 „Оди си, твојот син ќе живее!“ - му рече Исус. Човекот им поверува на зборовите што му ги кажа Исус и си замина. 51 Додека си одеше дома го пречекаа неговите слуги и му кажаа дека детето е живо и дека се чувствува подобро. 52 Тогаш тој ги распраша, кога му станало подобро на детето. „Вчера, во еден[a] часот попладне му помина треската“ - му одговорија тие.

53 Тогаш таткото сфати дека токму во тоа време Исус му рече: „Твојот син ќе живее.“ Така тој и целото негово семејство поверуваа во Исус.

54 Ова беше второто чудо што Исус го направи во Галилеја, по враќањето од Јудеја.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest