Book of Common Prayer
11 Сега и Исус, и оние што ги освети, имаат еден ист небесен Татко. Затоа Исус не се срами да ги нарече браќа, 12 кога на Бог Му се обраќа со следниве зборови:
„Твоето име меѓу браќата ќе Го проповедам,
и сред собранието ќе Те прославувам[a]!“
13 А го рече и следното:
„Во Бога ќе ја положам Својата доверба.“
И потоа: „Еве Ме заедно со чедата што Ми ги даде Бог[b]!“
14 Бидејќи „чедата“ - како што Тој ги нарече - се луѓе од крв и месо, и самиот Исус стана како нив, со цел преку Својата смрт да го уништи Ѓаволот, кој ја има власта над смртта, 15 и да не ослободи сите нас, кои цел живот живееме како робови на стравот од смртта.
16 Јасно е дека Исус не дојде да им помогне на ангелите, туку на Авраамовите потомци[c]. 17 Затоа, Тој мораше во се да стане сличен на Своите „браќа“, за да стане нивни верен и милостив Првосвештеник пред Бог. Така можеше да принесе жртва што ќе ги отстрани гревовите на луѓето. 18 Сега, кога и Тој помина низ страдања и искушенија, може да ни помага кога ние минуваме низ искушенија.
Божјото Јагне
- Исус 29 Утредента, Јован Го виде Исуса како доаѓа кај него, па рече: „Еве го Божјото Јагне Кое го отстранува гревот на светот!
30 Овој е Тој за Кого реков, ,По мене доаѓа еден Човек Кој е поголем од мене, зашто Тој постоеше уште пред да се родам јас!‘ 31 Јас не знаев Кој ќе биде Тој, туку дојдов да крштавам во вода, за Тој да му биде откриен на Израел.“
32 Тогаш Јован го даде следното сведоштво: „Јас бев таму и Го видов Светиот Дух Кој слезе како гулаб од небото и остана над Него. 33 Јас не ќе Го познаев, но кога Бог ме испрати да крштавам во вода ми рече: ,Врз Кого ќе Го видиш Светиот Дух да се спушта и да остане над Него, Тој е Оној што ќе крштава во[a] Светиот Дух‘. 34 Јас видов дека тоа се исполни над Исус и сведочам дека Тој е Божјиот Син[b].“
Првите ученици на Исус
35 Следниот ден, Јован повторно стоеше со двајца Свои ученици. 36 Тој Го здогледа Исуса како поминува и рече: „Еве Го Божјото Јагне!“ 37 Кога го слушнаа тоа, двајцата Јованови ученици тргнаа по Исус.
38 Исус се сврте и ги виде како одат по Него, па им рече: „Што барате?“ Тие му рекоа: „Раби“, (што во превод значи: „Учителе“), „каде живееш?“
39 „Дојдете и видете!“ - им рече Тој. Така, тие отидоа и видоа каде живее и тој ден останаа кај Него; а беше околу четири[c] часот попладне.
40 Едниот од двајцата што тргнаа по Исус, откако ги слушнаа зборовите на Јован Крстител, беше Андреј, братот на Симон, подоцна наречен Петар. 41 Андреј најнапред го најде својот брат Симон и му рече: „Го најдовме Месијата!“, а тоа преведено на грчки значи Христос[d]. 42 Потоа Андреј го одведе својот брат кај Исус. Исус го впери Својот поглед во него и му рече: „Симоне, сине Јованов, ти ќе се викаш Кефа“ (Тој арамејски збор на грчки може да се преведе како: Петар[e]).
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest