Book of Common Prayer
Писмо од апостол Павле
до христијаните во
Колос
Авторство и поздрави
1 Од Павле, избран од Бог да Му биде апостол на Исус Христос, и од нашиот брат по вера Тимотеј,
2 до христијаните во градот Колос, до нашите пријатели, верни следбеници на Христос.
Бог, нашиот Татко, нека ви биде благонаклонет и нека ви даде мир.
Благодарностна и застапничка молитва
3 Секогаш кога се молиме за вас, Му благодариме на Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, 4 зашто слушнавме за вашата вера во Исус Христос, и за љубовта што ја имате спрема сите Божји луѓе. 5 Вашата вера и љубов се засновани врз надежта што ја имате за она што е подготвено за вас на небото. За тоа слушнавте од вистинитата порака - од Радосната вест. 6 Таа се проповеда по целиот свет и се шири со голем успех, давајќи плодови како и кај вас, од првиот ден кога ја слушнавте вистината и дознавте колку Бог ни е благонаклонет.
7 Радосната вест ја слушнавте од Епафрас, нашиот драг соработник, човек што верно Му служи на Христос и работи за вас[a]. 8 Тој ни раскажа за вашата голема христијанска љубов што ви ја дал Светиот Дух.
9 Затоа, уште од првиот ден кога слушнавме, не престануваме да се молиме за вас и да бараме од Бог да ви ја открие Неговата волја за вашите животи. Се молиме да ве исполни со секаква мудрост и разбирање на духовните вистини. 10 Така ќе можете да живеете за Господ онака како што прилега и во секој поглед да Му бидете по волја. Секоја добра работа за која ќе се зафатите ќе носи плод и се подобро ќе Го запознавате Бог.
11 Се молиме да добивате сила од Божјата огромна и величествена моќ, за да можете со радост да истрпите и издржите се што ќе ве снајде 12 и да Му оддавате благодарност на небесниот Татко, Кој ви овозможи и вие, заедно со Божјиот свет народ, да добиете дел од наследството во Царството на светлината. 13 Тој не извлече од власта на царството на темнината и не пренесе во Царството на Неговиот сакан Син, 14 Кој ни ја откупи слободата и ни ги прости гревовите.
30 Тогаш тие Му рекоа: „Какво чудо ќе направиш, за да видиме, па да Ти поверуваме? Што ќе направиш? 31 Нашите предци јадеа мана[a] во пустината, како што стои запишано: ,Бог им даде да јадат леб од небото‘.“
32 Исус, пак, им одговори: „Ве уверувам дека не беше Мојсеј тој што ви даде леб од небото, туку Мојот Татко. И сега Мојот Татко ви го нуди вистинскиот Леб од небото. 33 Зашто, Лебот што ви го дава Бог е Оној што слезе од небото, за да му даде живот на светот.“
48 Јас сум животодавниот Леб. 49 Вашите предци јадеа мана[a] во пустината, но потоа умреа. 50 Еве Го Лебот што слегува од небото, за секој да може да јаде од Него и да не умре. 51 Јас сум животодавниот Леб Кој слезе од небото! Кој се храни од овој Леб - ќе живее вечно! А Лебот што Јас ќе го дадам за животот на светот е Моето тело.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest