Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Book of Common Prayer

Daily Old and New Testament readings based on the Book of Common Prayer.
Duration: 861 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Zech for the version: Macedonian New Testament
Откровение 6

ОТВОРАЊЕ НА СЕДУМТЕ ПЕЧАТИ

1) Коњаник на бел коњ

Кога видов како Јагнето го отвора првиот од седумте печати, се огласи едно од четирите суштества, кое громогласно рече: „Дојди!“ Наеднаш пред мене се појави еден бел коњ. Коњаникот што јаваше на него беше вооружен со лак. Нему му беше даден венец, бидејќи досега победувал, а и сега излезе за да остварува нови победи.

2) Коњаник на црвен коњ

Кога Јагнето го отвори вториот печат се огласи второто суштество, кое извика: „Дојди!“ Тогаш се појави друг коњ, црвен. На коњаникот што јаваше на црвениот коњ му беше даден еден голем меч и му беше дозволено да го одземе мирот од Земјата. И луѓето почнаа меѓусебно да се убиваат.

3) Коњаник на црн коњ

Кога Јагнето го отвори третиот печат, се огласи третото суштество и рече: „Дојди!“ Наеднаш пред мене се појави еден црн коњ. Коњаникот што јаваше на црниот коњ во раката држеше терезија. Потоа чув глас што доаѓаше откај четирите суштества и го кажуваше следното: „Килограм пченица ќе ве чини една дневница[a], три килограми јачмен ќе ве чинат една дневница, а маслото и виното ќе треба да ги штедите!“

4) Коњаник на сиво

-зелен коњ Кога Јагнето го отвораше четвртиот печат, се огласи четвртото суштество, кое рече: „Дојди!“ Наеднаш пред мене се појави сиво-зелен коњ. Коњаникот што јаваше на сиво-зелениот коњ се викаше ,Смрт‘, а во негова придружба беше Адот[b]. Ним им беше дадена власт над една четвртина од Земјата, за да убиваат со меч, со глад, преку болести и преку диви ѕверови.

5) Положбата на мртвите маченици

Кога Јагнето го отвори петтиот печат, под жртвеникот ги видов душите на луѓето што биле убиени поради нивната вера и проповедање на Божјата порака. 10 Тие гласно Му се обраќаа на Господ: „Свет и верен Господару! До кога ќе ја одложуваш пресудата и одмаздата за нашата крв над жителите на Земјата!?“

11 Тогаш на сите ним им беше дадена бела облека и им беше кажано да се стрпат уште малку време, додека не им се придружат сите другари и сотрудници што ќе бидат убиени како и тие.

6) Катастрофа во Вселената

12 Гледав, понатаму, како Јагнето го отвора шестиот печат. Тогаш се случи силен земјотрес, Сонцето поцрне како црна облека[c], а Месечината поцрвене како крв. 13 Ѕвездите од небото испопаѓаа по Земјата, како што паѓаат смокви под дејство на силен ветер. 14 Небото се свитка како хартија и исчезна, а сите планини и острови се изместија.

15 На Земјата сите цареви, великани, воени команданти, богати и влијателни луѓе, робови и слободни - сите се засолнуваа во пештери и во засолништа под планините. 16 Тие им довикуваа на планините и на карпите: „Урнете се врз нас и затрупајте не, скријте не од лицето на Оној што седи на престолот и од лутиот гнев на Јагнето! 17 Зашто дојде страшниот ден на Нивниот гнев и кој може да го издржи!?“

Матеј 25:31-46

Последниот Суд

31 „Кога Синот Човечки[a] ќе дојде во Сиот Свој сјај, придружен од сите Свои ангели, ќе седне на Својот славен престол 32 и ќе ги собере околу Себе сите народи. Тој ќе ги одвои во две групи - како што овчарот ги одлачува овците од козите. 33 Овците ќе ги постави на Својата десна страна, а козите на левата. 34 Тогаш Царот ќе им се обрати на оние од десната страна: ,Вие сте благословени од Мојот Татко; дојдете и примете го Царството што е приготвено за вас уште од создавањето на светот. 35 Зашто, кога бев гладен, вие Ме нахранивте; кога бев жеден, Ме напоивте; кога бев патник, Ме прибравте; 36 кога бев без облека, Ме облековте; кога бев болен, Ме гледавте; кога бев в затвор, Ме посетувавте.‘

37 Тогаш праведниците ќе Му одговорат: ,Господе! Кога сме Те виделе гладен или жеден, па сме Те нахраниле и сме Те напоиле? 38 Кога сме Те сретнале како патник или без облека, па сме Те прибрале и сме Те облекле? 39 Кога сме Те виделе болен или в затвор, па сме Те гледале и сме Те посетиле!?‘ 40 А Царот ќе им рече: ,Секогаш кога сте го правеле тоа за еден од Моите најмали луѓе - сте го правеле за Мене!‘

41 Потоа Царот ќе им се обрати на оние од левата страна: ,Бегајте од Мене, вие клетници! Одете во вечниот оган, подготвен за Ѓаволот и за неговите ангели! 42 Зашто, кога бев гладен, вие не Ми дадовте да јадам; кога бев жеден, не Ми дадовте да се напијам, кога бев патник не Ме прибравте; 43 кога бев без облека, не Ме облековте, кога бев болен и в затвор, вие не Ме посетивте.‘

44 Тогаш и тие ќе Му речат: ,Господе! Кога сме Те виделе гладен или жеден, како патник или без облека, болен или в затвор, па не сме Ти помогнале?‘ 45 А Тој ќе им одговори: ,Штом не сте направиле ништо за еден од Моите најмали луѓе, не сте направиле ни за Мене!‘“

46 Потоа Исус заклучи: „Овие луѓе ќе добијат вечна казна, а праведниците - вечен живот.“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest