Book of Common Prayer
Откровение
од Исус Христос
дадено преку апостол Јован
Предговор
1 Ова е откровение од Исус Христос. Бог Него Го овласти да им го открие на Своите следбеници она што наскоро ќе се случи. Потоа Христос испрати Свој ангел преку виденија да му ја пренесе пораката на Божјиот слуга Јован. 2 Јован овде верно ја кажува Божјата порака, сведоштвото на Исус Христос и се што видел. 3 Бог ги благословува оние што јавно ги читаат[a] овие пророштва, како и оние што ги слушаат и ги прифаќаат пророштвата запишани во оваа книга. Зашто, предопределеното време за нивно исполнување е на прагот!
Поздрави до седум цркви
4 Од Јован, до седумте цркви во Азија[b]:
Ви пожелувам милостива благонаклоност и мир од Бог[c], Кој постои, Кој отсекогаш постоел и Кој ќе дојде;
и од седумкратниот[d] Дух пред Неговиот престол,
5 и од Исус Христос - верниот Сведок, Првороденецот од мртвите и Владетелот над земните цареви. Тој нас не љуби и со Својата крв не откупи од власта на гревот. 6 Тој од нас направи Царство на свештеници кои служат пред Бог, Кој е Негов Татко. Нему Му припаѓаат славата и власта во вечни векови - Амин!
7 Еве Го, доаѓа со небесните облаци! Секое око ќе Го види - дури и оние што Го прободеа! Сите народи на Земјата ќе проплачат поради Него! Да, навистина[e]!
8 Господ Бог, Семоќниот, вели: „Јас сум Алфа и Омега - Оној Кој постои, Кој отсекогаш постоел и Кој ќе дојде!“
За воскресението на мртвите
(Мк. 12:18-27; Лк. 20:27-40) 23 Истиот ден кај Исус дојдоа некои садукеи[a], кои тврдеа дека не постои воскресение од мртвите. Тие Му се обратија вака: 24 „Учителе! Мојсеј рекол дека, доколку некој маж умре без да остави пород, неговиот брат е должен да ја земе братовата вдовица за жена и да му подигне потомство на својот починат брат. 25 Кај нас живееја седум браќа. Најстариот умре без пород и му ја остави жена си на својот брат. 26 Но истото се случи и со вториот и со третиот, се до седмиот. 27 Најпосле умре и жената. 28 Чија ќе биде жената на денот на воскресението, кога таа била мажена за сите седуммина?“
29 „Вие сте во заблуда“ - им рече Исус - „бидејќи не ги познавате ниту Светото Писмо ниту Божјата сила! 30 Зашто, кога луѓето ќе воскреснат, тие нема да бидат ни женети ни мажени, туку ќе бидат како ангелите на небото. 31 А што се однесува до воскресението на мртвите, зар не сте го прочитале тоа што ви го вели Бог:
32 ,Јас Сум Бог на Авраам, Бог на Исак и Бог на Јаков[b]!‘
Значи, тие се живи, а не мртви, зашто Тој не е Бог на мртвите, туку на живите!“
33 Слушајќи го ова излагање на Исус, народот беше воодушевен.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest