Book of Common Prayer
10 Ако дојде Тимотеј, погрижете се да му обезбедите спокоен престој кај вас, бидејќи и тој работи за Господ, како што работам и јас. 11 Никој да не го потценува, туку испратете го со мир, за да дојде кај мене, зашто јас и браќата го чекаме.
12 Во врска со братот Аполос, јас многу го молев да дојде кај вас, заедно со другите браќа христијани, но тој не сакаше да тргне кај вас сега. Ќе дојде тогаш кога ќе има можност.
13 Бидете постојано будни и непоколебливи во она што го верувате; бидете храбри и силни. 14 Се што работите нека биде со љубов.
15 Сега, драги мои, ве молам за семејството на Стефан, првиот христијанин во Ахаја, кој се стави во служба на верните. 16 Слушајте ги таквите водачи како него и оние што работат и се трудат со него.
17 Многу се радувам што Стефан, Фортунат и Ахаик дојдоа кај мене, зашто така ми се пополни празнината што ја чувствувам за вас. 18 Тие ни донесоа утеха и поттик и мене и вам. Таквите луѓе заслужуваат посебно признание.
Поздрави
19 Ве поздравуваат црквите од покраината Азија[a]. Акила и Приска, заедно со оние што се собираат во нивниот дом, од се срце ве поздравуваат. 20 Ве поздравуваат сите христијани. Поздравете се најсрдечно[b] еден со друг.
21 Со своја рака ви пишувам: поздрави од мене, Павле.
22 Проклет нека биде оној што нема љубов спрема Господ! Мараната[c] (Дојди Господе!)! 23 Господ Исус нека ви биде благонаклонет. 24 Ве сакам сите што сте следбеници на Исус Христос[d].
Исуса Го обвинуваат дека е Ѓавол
(Мк. 3:20-30; Лк. 11:14-23; 12:10) 22 Тогаш доведоа кај Исус еден слеп и нем човек, кој беше обземен од демонски духови, и Тој го исцели, така што немиот прозборува и прогледа. 23 Целиот народ беше вчудовиден и се прашуваше: „Да не е овој Месијата, Синот Давидов[a]?“ 24 Кога фарисеите разбраа за тоа, рекоа: „Тој изгонува демони бидејќи демонскиот поглавар Баалзибул[b] е во Него!“ 25 Знаејќи ги нивните мисли, Исус им рече: „Ниедно царство не може да се одржи доколку во него има внатрешни раздори; и ниеден град или дом во кој има неслога не може да опстане. 26 Ако Сатаната го изгонува Сатаната, тогаш тој настапува против самиот себе; како може, тогаш, да му се одржува царството? 27 Ако Јас изгонувам демони со помош на Баалзибул, тогаш, кажете ми, со чија помош вашите следбеници ги изгонуваат демоните? Затоа, тие ќе ви судат! 28 Ако, пак, Јас изгонувам демони со помош на Божјиот Дух, тогаш тоа е знак дека Божјото царство ви пристигнало!
29 Може ли некој да му упадне во куќата на силен човек и да му го ограби имотот, ако најпрво не го врзе силниот човек, за потоа да може да му ја ограби куќата?
30 Кој не е со Мене, против Мене е; кој со Мене не собира - тој растура!
31 Ви велам: на луѓето ќе им биде простен секој грев и секоја навреда, но ако Го навредат Светиот Дух нема да им биде простено. 32 И навредувањето против Мене, Синот Човечки ќе се прости, но навредувањето против Светиот Дух нема да се прости ни на овој свет ни на идниот.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest