Book of Common Prayer
Доброволни прилози за ерусалимската црква
16 А сега нешто во врска со доброволните прилози за христијаните во Ерусалим. Она што им го кажав на црквите во Галатија важи и за вас. 2 Секој прв ден во неделата, секој од вас нека издвои на страна дел од она што го заработил и нека го чува кај себе, за да не собирате прилози дури кога јас ќе дојдам. 3 Кога ќе пристигнам, ќе испратиме луѓе што вие ги сметате за достојни да го однесат во Ерусалим она што вие со љубов ќе го подарите, а ќе составиме и пригодни писма. 4 Ако можам да појдам и јас, ќе отпатуваме заедно.
Завршни упатства
5 Ќе дојдам кај вас откако најпрво ќе ја посетам Македонија, зашто планирам да патувам преку Македонија. 6 Ќе останам кај вас извесно време, можеби и целата зима, а потоа ќе ме испратите на моето следно патување. 7 Не сакам да ве посетам сега, само на минување, туку сакам, ако Господ допушти, да останам кај вас извесно време. 8 Ќе останам во Ефес се до Духовден[a], 9 зашто за мене овде се отвори широко поле за работа и се надевам на успех, иако има и многумина што ми се противставуваат.
Карактерот на Божјиот Избраник
(Мк. 3:7; Евр. 4:13; Ис. 42:1-4) 15 Кога дозна за тоа, Исус си замина оттаму, следен од толпа народ. Тој ги исцелуваше сите болни меѓу нив, 16 но не им дозволуваше да шират гласови за Него. 17 Со тоа се исполнуваше она што го навести Бог преку пророкот Исаија:
18 „Еве Го Мојот избран слуга, Мојот Љубимец,
задоволството на Мојата душа!
Нему ќе Му го дадам Мојот Дух,
Тој ќе им ја објави Мојата правда на народите.
19 Нема да се расправа, ниту пак ќе вика -
гласот нема да му одекнува по улиците.
20 Нема да дотолчува ранета душа, што е како скршена трска,
нема да ја угасне и најмалата надеж,
макар таа да е како фитил што тлее,
се додека правдата не победи.
21 А сите народи ќе ја положат својата надеж
во Неговото име[a].“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest