Book of Common Prayer
Делата на Петар во градовите Лида и Јопа
32 Посетувајќи ги христијаните, апостол Павле патуваше од место во место. Така пристигна и кај следбениците на Господ што живееја во градот Лида. 33 Таму сретна еден човек по име Енеј, кој осум години лежел парализиран. 34 Петар му рече: „Енеј, Исус Христос те исцелува! Стани и намести си ја постелата!“ И тој веднаш стана! 35 Сите што живееја во Лида и Шарон го видоа ова и се обратија кон Господ.
36 А во градот Јопа имаше една христијанка по име Тавита[a], што во превод значи ,Срна‘. Таа имаше направено многу добри дела и имаше раздавано многу милостина. 37 Во тоа време се разболе и умре. Ја избањаа и ја положија во една соба на горниот кат. 38 Лида е близу до Јопа и кога христијаните од Јопа разбраа дека Петар е во Лида, испратија двајца луѓе да го викнат веднаш да дојде кај нив.
39 Петар веднаш стана и тргна со нив кон Јопа. Кога пристигнаа, го одведоа во горната соба. Собата беше полна со вдовици кои веднаш се собраа околу Петар и плачејќи му ги покажуваа кошулите и другите облеки што ги изработувала Тавита додека била жива.
40 Петар ги замоли сите да излезат надвор. Потоа клекна на колена, се помоли, се сврте кон мртвото тело и рече: „Тавита, стани!“ Таа ги отвори очите и кога го виде Петар седна. 41 Тој и подаде рака, и и помогна да стане. Потоа ги викна христијаните и вдовиците и им ја покажа жива.
42 Тоа се расчу низ целиот град Јопа, и многумина поверуваа во Господ. 43 А Петар остана подолго време во Јопа. Живееше кај еден човек по име Симон, кој беше кожар.
56 Потоа си отидоа дома, да подготват мирисливи масла за премачкување на телото. Во саботата не работеа, согласно со верскиот Закон.
Христовото воскресение
(Матеј 28:1-10; Марко 16:1-8; Јован 20:1-10) 24 Во неделата[a], уште во рани зори, жените дојдоа кај гробницата, носејќи ги мирисливите масла за премачкување на Исусовото тело, што самите ги беа приготвиле.
2 Но ја најдоа гробницата отворена и гробната плоча иставена. 3 Влегоа во гробницата, но таму го немаше телото на Господ Исус. 4 Додека стоеја таму збунети, ненадејно пред нив се појавија двајца мажи во блескави облеки. 5 Исплашени, жените се наведнаа кон земјата, кога тие им се обратија, велејќи им: „Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите? 6 Тој не е овде! Воскресна! Сетете се што ви велеше уште додека беше во Галилеја: 7 ,Синот Човечки[b] ќе треба да биде предаден во рацете на грешници, кои ќе Го распнат, но на третиот ден Тој ќе воскресне.‘
8 Тогаш жените се сетија дека Исус навистина им го кажа тоа.
9 Кога се вратија од гробот, жените им го кажаа сето ова на единаесеттемина Исусови ученици и на сите други. 10 Меѓу жените беа и Марија од Магдала и Јоана, и Марија - мајката на Јаков, и други жени кои им го кажаа тоа на апостолите, 11 но апостолите ги сметаа нивните зборови за измислени и не им поверуваа.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest