Book of Common Prayer
Христос, а не обичаи, храна или слави
6 Вие Го прифативте Исус Христос како свој Господ. Продолжете да живеете во послушност спрема Него. 7 Пуштете корени во Него, од Него црпете, за да растете и да се зацврстувате во верата, онака како што ве учевме. Бидете Му бесконечно благодарни на Господ.
8 Не дозволувајте никој да ве заведува со бесмислено филозофирање и со празни лаги, кои произлегуваат од чисто човечки обичаи, од овоземните принципи[a], а не од Христос, 9 зашто Бог во целост е присутен во Христос[b] во облик на човечко тело, 10 па и вие сте целосни личности, преку сојуз со Него. Тој е Господар[c] над сите сили и власти. 11 Преку духовно обрежување, Христос ја отстрани од вас вашата грешна природа, исто како што при телесното обрежување се отстранува едно делче од телото. 12 Кога се крстивте, вие всушност се погребавте со Христос, а потоа воскреснавте, бидејќи верувавте во Божјата сила што Го воскресна Христос од мртвите.
23 Во тој ден, за ништо повеќе нема да Ме прашувате. Ве уверувам дека Мојот небесен Татко ќе ви даде се што ќе посакате во Мое име. 24 Досега не сте побарале ништо во Мое име. Барајте и ќе добиете, за да бидете наполно среќни.“
Победа над светот
25 „Се користев со споредби за да ви го објаснам тоа што сакав да ви го кажам. Доаѓа време кога нема повеќе да се служам со споредби, туку отворено ќе ви кажувам за небесниот Татко. 26 Во тој ден ќе барате во Мое име и не ќе има потреба Јас да Го молам Таткото за вас, 27 зашто, Таткото и Самиот ве сака, бидејќи вие Мене Ме засакавте и поверувавте дека Јас дојдов од Бога. 28 Јас дојдов од Таткото и влегов во светот. Сега заминувам од светот и се враќам кај Таткото.“
29 Неговите ученици рекоа: „Ете, сега ни зборуваш отворено и не се служиш со споредби. 30 Сега знаеме дека Ти разбираш се и нема потреба да Те прашуваме. Поради тоа, ние веруваме дека Ти си дојден од Бог.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest