Book of Common Prayer
Упатства за христијански начин на живеење
2 Ти поучувај го она што е во согласност со здравото учење. 2 Постарите луѓе советувај ги да бидат трезвени, сериозни и разумни. Тие треба да имаат непоколеблива вера, љубов и трпение.
3 Постарите жени исто така треба да се однесуваат онака како што им прилега на луѓе што веруваат во Господ. Да не озборуваат, ниту да му робуваат на виното. Тие треба да поучуваат на добро поведение, 4 да ги поттикнуваат помладите жени да си ги сакаат мажите и децата, 5 да бидат разумни, чисти, вредни домаќинки, да бидат добри, да им се покоруваат на своите мажи. Во спротивно, ќе станат повод да се зборува лошо за христијанството[a].
6 Советувај ги и младите мажи да бидат разумни.
7 Биди им пример со своето добро поведение. Кога поучуваш, биди сериозен и искрен. 8 Зборувај умесно и разбирливо, за да не може никој да те прекорува, а секој противник да се засрами, немајќи ништо лошо да каже за тебе.
9 Робовите во се нека им се покоруваат на своите господари, без да се муртат и да противречат. 10 Не смеат да поткраднуваат. Треба да покажат верност и добрина, зашто така ќе придонесат луѓето многу повеќе да го почитуваат учењето на нашиот Спасител и Бог.
26 По шест месеци, Бог го испрати ангелот Гаврил во галилејскиот град Назарет, 27 кај една девица по име Марија[a] која му беше свршеница на Јосиф, потомок на царот Давид. 28 Доаѓајќи кај неа, ангелот и рече: „Радувај се, зашто си преблагословена и Господ е со тебе!“ 29 Марија се исплаши кога ги чу овие зборови и почна да размислува за значењето на необичниот поздрав. 30 Ангелот и рече: „Не плаши се, Марија, Бог ти е благонаклонет! 31 Ти ќе забремениш, ќе родиш Син и ќе Му дадеш име Исус. 32 Тој ќе биде велик и ќе биде наречен Син на Севишниот[b]. Господ Бог ќе Му го даде Нему престолот од Неговиот предок, царот Давид. 33 Тој вечно ќе владее меѓу потомците на Јаков[c] и Неговото царство ќе нема крај.“
34 Тогаш Марија му рече на ангелот: „Како ќе родам дете, кога јас сум девица!?“ 35 Ангелот и одговори: „Преку Светиот Дух, Кој ќе слезе, ќе те исполни и силата на Севишниот ќе се спушти[d] врз тебе. Затоа и Детето што ќе го родиш ќе биде свето и ќе биде наречено Божји Син. 36 Еве, и твојата роднина Елисавета забремени, иако е веќе во поодминати години. Ја нарекуваа неротка, а еве, таа е сега во шестиот месец на бременост, 37 зашто, за Бог нема невозможни нешта! 38 Тогаш Марија му рече: „Јас Му стојам на услуга на Господ; нека се исполни со мене она што го кажа ти.“ По ова, ангелот си замина.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest