Book of Common Prayer
Видение за жената и Змејот
12 Потоа на небото се покажа една чудна[a] појава: жена облечена со Сонцето. Под нејзините нозе беше Месечината, а на главата имаше венец со дванаесет ѕвезди. 2 Жената се породуваше и врескаше од породилни болки.
3 Тогаш и друга глетка се појави на небото: еден голем црвен Змеј со седум глави и десет рогови; на секоја од седумте глави имаше круна. 4 Со својата опашка Змејот завлече една третина од ѕвездите[b] на небото и ги собори долу на Земјата. Потоа Змејот се упати кон жената за да и го погуби Детето, откако ќе Го роди.
5 Жената роди Син, Кој ќе владее над сите народи со железен скиптар. Синот беше издвоен и однесен кај Бог, на Неговиот престол. 6 Жената, пак, побегна во пустината, на местото што Бог го беше приготвил како засолниште за неа - таму да биде згрижена илјада двесте и шеесет дни.
7 Тогаш изби војна на небото: Михаел и ангелите под негова команда завојуваа против Змејот и неговите ангели. 8 Змејот беше поразен и тој и неговите ангели беа исфрлени од небото. 9 Големиот Змеј, старата Змија, што ги мами сите жители на Земјата, познат како Ѓавол и Сатана, беше фрлен на Земјата, заедно со неговите ангели.
10 Потоа чув глас од небото, кој рече:
„Сега дојде спасението и Царството на нашиот Бог
и власта на Неговиот Помазаник[c],
бидејќи тужителот на Божјите луѓе,
кој деноноќно ги обвинува пред нашиот Бог, е исфрлен!
16 Зашто Бог толку ги засака луѓето од овој свет, што Го даде Својот Единороден Син, за да не загине ниту еден што верува во Него, туку да има вечен живот. 17 Бог не Го испрати Својот Син во светот за да го осуди светот, туку да го спаси преку Него. 18 Ниту еден што верува во Него нема да биде суден. Оној, пак, што не верува, веќе е осуден, затоа што не поверувал во Единородниот Божји Син.
19 Пресудата гласи: „Светлината дојде на светот, но луѓето ја засакаа темнината повеќе од Светлината, затоа што постапките им беа зли. 20 Секој што врши зло ја мрази Светлината и не доаѓа кај неа, за да не се разоткријат неговите гревови. 21 Оној, пак, кој живее според вистината, доаѓа кај Светлината за да се види дека неговите постапки се направени во послушност спрема Бог.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest