Book of Common Prayer
6 Тогаш погледнав и Го видов Јагнето. Стоеше сред престолот, опкружено со четирите суштества и со дваесет и четирите старешини. Јагнето имаше лузна како некогаш да било заклано. Имаше седум рогови и седум очи, кои Го претставуваа седумкратниот[a] Божји Дух испратен по целата Земја.
7 Јагнето пристапи и ја зеде Книгата што ја држеше во десната рака Седнатиот на престолот.
Небесниот хор
8 Кога Јагнето ја зеде Книгата, четирите суштества и дваесет и четирите старешини паднаа ничкум пред Него. Секој од нив во рацете имаше харфа и златен пехар полн со запален темјан, што ги претставуваше молитвите на Божјите луѓе[b]. 9 Тие пееја нова песна со следниве зборови:
,Ти Си достоен да ја земеш Книгата, да ги скршиш нејзините печати и да ја отвориш, зашто Ти беше убиен и со Својата крв откупи за Бог луѓе од сите племиња, јазици, народи и раси. 10 Нив ги направи Божјо царство и Негови свештеници кои ќе владеат на Земјата.“
11 Во моето видение понатаму чув песни од многубројни ангели собрани околу престолот, околу четирите суштества и околу старешините. Бројот на ангелите беше многу милиони 12 и тие пееја громогласно, во хор:
„Јагнето што беше убиено е достојно да добие власт, богатство, мудрост, моќ, чест, слава и благослов!“
13 Тогаш чув како проговорија сите суштества на небото, на земјата, под земјата и во морето. Сите пееја здружени во хор:
„Благослов, чест, слава и моќ за Оној што седи на престолот и за Јагнето, за вечни векови!“
14 А четирите суштества одговараа: „Амин!“, додека дваесет и четирите старешини паднаа ничкум и им се поклонија на Бог и на Јагнето.
Споредба за доверените богатства
(Лука 19:11-27) 14 „Небесното царство може да се спореди со човек кој, пред да замине на пат, ги повикал своите слуги и им го предал својот имот да раководат со него. 15 На секој од нив им дал според нивните способности: на првиот му доверил пет илјади златници[a], на вториот две илјади, а на третиот илјада. Потоа тој заминал на пат. 16 Оној што добил пет илјади златници веднаш почнал да тргува со нив и спечалил уште пет илјади. 17 Исто така и оној што добил две илјади златници спечалил уште две илјади. 18 А слугата што добил илјада златници ги скрил златниците на неговиот господар, закопувајќи ги вземи.
19 По подолго време господарот на слугите се вратил и ги повикал да му положат сметка. 20 Дошол оној што беше примил пет илјади златници, донесол уште други пет илјади и рекол: ,Господару, ти ми довери пет илјади златници; еве, со нив спечалив уште пет илјади‘ 21 ,Одлично!‘ - му одговорил господарот. ,Ти се покажа како добар и верен работник. Ја оправда довербата над она малку што ти го доверив; затоа сега ќе ти предадам многу повеќе. Влези и придружи се на веселбата што ја приредува твојот господар!‘
22 Потоа пристапил и оној што беше добил две илјади златници и рекол: ,Господару, ти ми довери две илјади златници; еве, со нив спечалив уште две илјади‘ 23 ,Одлично!‘ - му одговорил господарот. ,Ти се покажа како добар и верен работник. Ја оправда довербата над она малку што ти го доверив; затоа сега ќе ти предадам многу повеќе. Влези и придружи се на веселбата што ја приредува твојот господар!‘
24 На крајот пристапил и слугата што беше добил илјада златници и рекол: ,Господару, знаев дека си ти строг човек: жнееш каде што не си сеел и береш каде што не си садел. 25 Се исплашив дека ќе ги загубам доверените златници, па отидов и ги закопав. Еве, ти го враќам твоето.‘ 26 Тогаш неговиот господар му рекол: ,Лош и мрзлив слуго! Штом си знаел дека сум строг човек и дека жнеам каде што не сум сеел и берам каде што не сум садел, 27 зошто не ги стави моите пари в банка, та кога се вратив, со нив ќе добиев и камата!?‘ 28 Затоа, земете му ги тие илјада златници и дајте му ги на оној што има десет илјади златници! 29 Секој што спечалил нешто со она што му е доверено, ќе му биде дадено уште и тој ќе има изобилно. А на тој што не спечалил ништо со она што му е доверено, ќе му биде земено и она малку што го има. 30 А бескорисниот слуга фрлете го надвор во темница - таму каде што луѓето од мака лелекаат и чкртаат со сопствените заби!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest