Book of Common Prayer
9 Секојпат кога четирите суштества Му оддаваа слава, чест и благодарност на Оној што седеше на престолот - на Вечно Живиот - 10 во истиот миг дваесет и четирите старешини паѓаа ничкум и Му се поклонуваа на Вечно Живиот, положувајќи ги своите венци пред престолот и говорејќи:
11 „Достоен Си, Господе и Боже наш,
да примиш слава, чест и власт,
зашто Ти си Творецот на се,
и се што постои, Тебе Ти го должи[a] своето постоење и создавање!“
Книгата и Јагнето
5 Потоа, во десната рака на Оној што седеше на престолот забележав Книга[b] испишана и однадвор и однатре, запечатена со седум печати. 2 Тогаш видов и еден силен ангел кој со многу силен глас запраша: „Кој е достоен да ја отвори Книгата, да ги скрши нејзините печати?“ 3 Но не се најде никој, ни на небото, ни на Земјата, ниту пак во Подземниот свет, што можеше да ја отвори Книгата и да ја прочита.
4 Јас многу плачев поради тоа што не се најде ниту еден што ќе биде достоен да ја отвори Книгата и да ја прочита. 5 Тогаш еден од старешините ми рече: „Не плачи! Еве Го Победникот - Лавот од племето на Јуда, Давидовиот Потомок - Тој ќе ги скрши печатите и ќе ја отвори Книгата!“
Споредба на Небесното царство со десет девојки
25 „Кога ќе биде воспоставено небесното царство, тоа ќе биде како во следната споредба. Десет девојки ги зеле своите ламби и излегле да го пречекаат младоженецот. 2 Петте од нив биле глупави, а другите пет - мудри. 3 Глупавите понесле со себе ламби, но не зеле и масло за горење. 4 Мудрите, пак, заедно со ламбите зеле и масло за горење.
5 Доаѓањето на младоженецот се забавило, па сите девојки задремале и заспале.
6 На полноќ ги разбудил силен извик: ,Младоженецот доаѓа! Излезете му во пресрет!‘ 7 Девојките станале и почнале да ги подготвуваат своите ламби. 8 Тогаш глупавите им рекле на мудрите: ,Дајте ни од вашето масло за горење, зашто ламбите ни гаснат!‘ 9 Но мудрите им одговориле: ,Немаме доволно масло и за вас и за нас; затоа, појдете кај трговците и купете си!‘
10 Додека тие отишле да купат масло, младоженецот пристигнал. Тие што биле подготвени, влегле со него на свадбата, по што вратата била затворена. 11 Подоцна пристигнале и другите девојки и почнале да викаат: ,Господине! Господине! Отвори ни!‘ 12 А тој им одговорил: ,Не ве познавам кои сте!‘“
13 „Затоа“ - заклучи Исус - „бидете подготвени во секое време, зашто не го знаете ни денот, ни часот кога ќе се вратам.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest