Book of Common Prayer
Настани што ќе му претходат на второто доаѓање
на Господ Исус: појавата на Антихристот
2 Нашиот Господ Исус Христос ќе се врати и ќе не прибере кај Себе. Затоа ве молам, драги пријатели христијани, 2 не дозволувајте лесно да ве поколебаат, ниту да ве вознемират луѓето што тврдат дека Господ веќе се вратил. Тие можеби ќе тврдат дека тоа го дознале преку духовна објава, дека слушнале од некој друг, или дека тоа го прочитале во некое од нашите писма. 3 Не дозволувајте да ве измамат! Тој ден нема да дојде пред луѓето масовно да отпаѓаат од верата и пред да се појави Човекот на гревот и уништувањето[a].
Верните треба да останат непоколебливи
13 Чувствуваме обврска постојано да Му бидеме благодарни на Бог за вас, драги пријатели христијани, вас што Господ ве засака. Тој ве одбра да се спасите меѓу првите[a], така што Светиот Дух ве посвети, а вие поверувавте во вистината. 14 Преку нашето проповедање на Радосната вест Бог ве повика да се спасите. Сега можете и вие да се придружите кон славата на нашиот Господ Исус Христос.
15 Затоа, драги пријатели христијани, бидете непоколебливи и држете се цврсто до она што ве учевме лично и преку нашите писма.
16 А сега, нашиот Господ Исус Христос и Бог Таткото, Кој не сака и ни даде трајна утеха и прекрасна надеж со Својата благонаклоност спрема нас, 17 нека ви ги насрчат срцата и нека ви дадат сила постојано да го зборувате и да го правите она што е добро.
Исус зборува во Своја одбрана
30 Јас не можам ништо да направам самоволно. Судам онака како што Ми кажува небесниот Татко, и Мојот суд е праведен, зашто не постапувам самоволно, туку според волјата на Бог, Кој Ме прати.
31 Ако Јас сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво нема да вреди. 32 Но постои Друг што сведочи за Мене и знам дека она што Тој го сведочи за Мене, вреди.
33 Вие самите испративте пратеници кај Јован Крстител и тој ви ја кажа вистината. 34 Јас немам потреба од човечко одобрување; а овие работи ви ги кажувам за вие да се спасите[a]. 35 Јован беше светилка која гореше и светеше. И за тоа кратко време вие со задоволство и се радувавте на неговата светлина.
36 Јас, пак, имам сведоштво со поголема тежина од она на Јован. Делата што Мојот Татко Ми ги довери да ги извршам, и кои Јас ги извршувам, сведочат дека сум испратен од небесниот Татко. 37 И Таткото, Кој Ме прати, исто така сведочи за Мене, но вие никогаш не сте го послушале Неговиот глас ниту пак сте го виделе Неговиот лик. 38 А и Неговиот збор не се задржува во вас, затоа што не верувате во испратениот од Него. 39 Вие го проучувате Светото Писмо, зашто верувате дека во него ќе најдете вечен живот за себе - а токму таму се говори за Мене! 40 Па сепак, вие не сакате да дојдете кај Мене и да примите живот.
41 Јас не сакам слава од луѓето; 42 а вас ве познавам и знам дека во себе немате љубов спрема[b] Бог. 43 Јас дојдов во името на Мојот Татко, а вие не Ме примате. Ако некој друг дојде во свое име, него ќе го примите! 44 Како можете да верувате, кога еден на друг си давате слава, а славата од Единствениот Бог не ја посакувате!?
45 Немојте да мислите дека Јас ќе бидам Тој што ќе ве обвини пред небесниот Татко. Мојсеј - оној на кого се надевате - тој ќе ве обвини. 46 Да му верувавте на Мојсеј, ќе ми верувавте и Мене, затоа што тој има пишувано[c] за Мене. 47 Но штом не верувате во она што тој го напиша, како ќе верувате во ова што Јас го зборувам!?“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest