Book of Common Prayer
Видение на Јован за воскреснатиот Христос
9 Јас сум Јован, ваш брат и сострадалник, кој како следбеник на Исус заедно со вас трпеливо ги поднесувам страдањата што ни доаѓаат нам кои му припаѓаме на Неговото царство. Се наоѓам во прогонство на островот Патмос[a], поради тоа што ја проповедав Божјата порака и сведочев во полза на Исус.
10 Еден неделен[b] ден, додека општев со Духот, чув како зад мене одекна глас силен како од труба. 11 Гласот ми рече: „Запиши го во книга тоа што ќе го видиш и испрати го до седумте цркви во градовите[c]: Ефес, Смирна, Пергам, Тијатир, Сард, Филаделфија и Лаодикеја.“
12 Кога се свртев да видам кој ми зборува, видов седум златни свеќници[d].
13 Таму, меѓу свеќниците, видов Еден што личеше на Синот Човечки[e], облечен во долга облека до стапалата и препашан околу градите со златен појас. 14 Главата и косата Му беа бели како снежно бела волна, очите Му беа како огнен пламен, 15 стапалата Му блескаа како бронза пречистена во вжарена печка, а гласот Му беше силен како бучава од забревтани води. 16 Во Својата десна рака Тој држеше седум ѕвезди, а од устата Му излегуваше двостран остар меч. Лицето Му болскотеше како Сонцето во полна сила.
Која е најважната заповед?
(Мк. 12:28-34; Лк. 10:25-28) 34 Кога фарисеите[a] разбраа дека Исус ги замолкнал садукеите, се собраа заедно, 35 и еден од нив, кој беше вероучител[b], сакајќи да Му постави стапица, Го праша: 36 „Учителе! Која е најважната заповед во Божјиот Закон?“
37 Исус му одговори: „Сакај Го Господ, својот Бог, со сето срце, со сета душа и со сиот разум“. 38 Тоа е првата и наедно најважната заповед. 39 А втората е слична на првата, и гласи: „Сакај го својот ближен како самиот себе!“ 40 Основата на целиот Божји Закон и целото учење на пророците, се овие две заповеди[c].
Прашање за идентитетот на Месијата
(Мк. 12:35-37; Лк. 20:41-44) 41 Кога се насобраа поголем број фарисеи, Исус ги запраша: 42 „Што мислите, чиј потомок е Месијата[d]?“ Тие Му одговорија: „Давидов!“ 43 А Исус им рече: „Како тогаш Давид, поттикнат од Божјиот Дух, го нарече Месијата ,Господ‘, кога рече:
44 ,Му рече Јахве[e] на Мојот Господ:
седни од Мојата десна страна,
додека не ги соборам Твоите непријатели
под нозете Твои[f]!‘
45 Значи, ако Давид го нарече Месијата ,Господ‘, како може, тогаш, Тој да му биде потомок?“ 46 На ова никој не можеше да Му одговори ни збор на Исус и од тој ден никој повеќе не се осмелуваше да Му поставува прашања.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest