Book of Common Prayer
12 Знам дека вие веќе сега сте цврсто втемелени во вистината и добро ги знаете овие нешта, но сепак јас секогаш ќе настојувам да ве потсетувам. 13 Се додека сум во овој „шатор“, моето смртно тело, сметам дека ми е должност да ве потсетувам. 14 Нашиот Господ Исус Христос ми покажа дека моите дни овде на Земјава се изброени и јас брзо ќе го напуштам овој шатор. 15 Затоа ќе направам се што зависи од мене, та и по моето заминување вие да ги помните овие нешта.
Веродостојноста на Божјите објави
16 Кога ви кажувавме за силата на нашиот Господ Исус Христос и за Неговото повторно доаѓање, ние не се служевме со лукаво смислени прикаски! Ние со свои очи ја видовме Неговата величественост! 17 Тој прими чест и слава од Бог Таткото кога Божјиот славен, величествен глас се спушти од небото кон Него:
„Ова е Мојот Син, Мојот Љубимец,
со Него сум целосно задоволен.“
18 Кога се случи тоа ние бевме таму, на светата гора, заедно со Исус и го слушнавме тој глас од небото.
19 Тоа уште повеќе не увери во вистинитоста на она што го претскажуваа пророците. Затоа, добро ќе сторите ако на нивните пораки гледате како на светало што свети во темнината, се додека не осамне денот кога Христос, ѕвездата Деница, ќе болсне во вашите срца[a]. 20 Пред се треба да знаете дека ниту едно пророштво во Светото Писмо не е нечија самоволна објава, 21 бидејќи тие пророштва никогаш не биле дадени по желба на некој човек, туку Светиот Дух ги поттикнувал и водел Божјите луѓе да го зборуваат она што им било наложено од Бог.
Исус го расчистува Храмот
(Мк. 11:15-19; Лк. 19:45-48; Јвн. 2:13-22) 12 Исус влезе во Божјиот храм и ги истера сите кои купуваа и продаваа во храмот. Им ги преврте масите на менувачите на пари и тезгите на продавачите на гулаби, 13 и им рече: „Во Светото Писмо пишува дека Бог рекол:
,Мојот храм нека биде место за молитва[a].‘
А вие го претворивте во разбојничко дувло!“
14 Во храмот Му доаѓаа на Исус слепи и сакати и Тој ги исцелуваше. 15 Но свештеничките поглавари и вероучителите се разгневија кога ги видоа чудата што Исус ги правеше и радосните извици на децата во храмот кои извикуваа: „Спаси не сега[b], Давидов Сине!“ 16 И Му рекоа: „Слушаш ли што извикуваат децата!?“ А Исус им одговори: „Да! Зар во Псалмите не сте го читале ова: ,Усните на малите деца и на доенчињата ќе Ти оддаваат слава, Господе[c]!?‘“
17 Тогаш Исус ги остави и излегувајќи од градот дојде во Бетанија, каде што и ноќеваше.
Проколнување на неплодната смоква: Со вера с
е е можно (Мк. 11:12-14, 20-24) 18 Рано утредента, на враќањето во Ерусалим, Исус огладне. 19 Забележувајќи една смоква покрај патот, се доближи, но бидејќи на неа најде само лисје, ја проколна, велејќи: „Род да нема на тебе довека!“ И смоквата веднаш се исуши.
20 Вчудовидени од оваа глетка, учениците Го прашаа: „Како можеше смоквата наеднаш да се исуши?“ 21 А Исус им одговори: „Ве уверувам дека, доколку имате вера и не се сомневате, не само што ќе можете да го правите тоа што и се случи на смоквата, туку, ако и на оваа планина и речете: ,Подигни се и фрли се в море!‘ - тоа ќе се случи! 22 Ако верувате, ќе добиете се што ќе побарате преку молитва.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest