Book of Common Prayer
7 Крајот е близу. Затоа бидете трезвени и ревносно молете се, 8 а најмногу од се, сакајте се меѓу себе длабоко и искрено, зашто љубовта покрива многу гревови. 9 Бидете гостољубиви еден спрема друг, без да негодувате.
10 Секој, согласно со дарбите што ги има, нека им служи на другите. На тој начин ќе докажете дека добро управувате со дарбите што ги дава Бог, дарежливо и разновидно. 11 Ако е некој добар говорник, нека ја проповеда Божјата порака. Ако некој има дарба да им помага на луѓето, нека го прави тоа со силата што му ја дава Бог. Се треба да се прави така што да Му се оддава слава на Бог, преку Исус Христос, на Кого Му припаѓаат славата и власта во вечни времиња. Амин.
Бидете пример и кога страдате
12 Драги мои, нека не ве изненадува фактот што минувате низ огнени искушенија, небаре нешто неочекувано ви се случува! 13 Радувајте се што преку страдањата се идентификувате со Христос. Затоа, пак, ќе се радувате и веселите кога ќе се открие Неговата слава.
14 Ако ве навредуваат поради тоа што сте Христови следбеници, тоа треба да ве радува! Тоа е доказ дека величествениот Божји Дух е во вас. 15 Срамота е ако некој од вас биде казнет за убиство, за кражба, за злосторство или за правење сплетки, 16 но ако страдате поради тоа што сте христијани, немојте да се срамите. Напротив, бидете Му благодарни[a] на Бог што го носите Христовото име!
17 Бог веќе почна да суди и тоа најпрво меѓу Своите следбеници. Ако ние, христијаните сме судени, каков ли ќе им биде крајот на оние што и се противат на Божјата Радосна вест!?
18 „Ако праведните одвај се спасуваат,
што ли ќе биде со безбожните и грешните[b]!?“
19 Заради тоа, оние што страдаат извршувајќи ја Божјата волја, нека Му ги доверат своите души на својот Творец, Кој никогаш не изневерува, и нека продолжат да прават добро.
Исцелување на двајца слепи питачи
(Мк. 10:46-52; Лк. 18:35-43) 29 На излегување од градот Јерихо, голема толпа народ врвеше по Исус и Неговите ученици. 30 Покрај патот седеа двајца слепи и штом слушнаа дека Исус минува оттаму почнаа да викаат на сиот глас: „Господе, Сине Давидов[a], покажи милост спрема нас!“ 31 Народот се обидуваше да ги замолкне, но тие уште погласно викаа: „Господе, Сине Давидов, покажи милост спрема нас!“ 32 Исус застана, ги повика кај Себе и ги праша: „Што сакате да сторам за вас?“ 33 „Да прогледаме, Господе!“ - му одговорија тие. 34 Исус се сожали и им ги допре очите и тие наеднаш прогледаа и тргнаа по Него.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest