Book of Common Prayer
2 Затоа ослободете се од се што е злобно, немојте да лажете и да лицемерите, немојте да завидувате и да клеветите. 2 Бидете како новороденчиња, секогаш жедни за чисто духовно млеко, преку кое ќе растете до полнота во вашето спасение, 3 сега кога лично се уверивте дека Господ е добар.
Скапоцен темел и света градба
4 Дојдете кај Исус Христос. Тој е Живиот Камен, Кој, навистина од луѓето беше отфрлен, но Бог го одбра и за Него е скапоцен. 5 Сега и вие како живи камења сте вградени во еден духовен дом, за да бидете свето свештенство, да принесувате духовни жртви прифатливи за Бог, заради Исус Христос. 6 За ова во Светото Писмо Бог вели:
„Еве, ќе поставам во Ерусалим[a] Камен-темелник,
одбран и скапоцен;
кој ќе поверува во Него,
никогаш нема да се разочара[b].“
7 Да, за вас што верувате:
„Тој Камен што ѕидарите го отфрлија,
стана Камен-темелник[c],“ скапоцен Камен. А за оние што Го отфрлија, истиот тој Камен е:
8 „Камен од кој ќе се сопнуваат,
Карпа преку која ќе паѓаат[d].“
Тие се сопнуваат затоа што не ја слушаат и не ја веруваат Божјата порака. Затоа таква судбина им е определена.
9 Но вие сте одбрани луѓе, царско свештенство, свет народ, луѓе што Му припаѓаат на Бог. Вие сте избрани за да им ја покажете на луѓето Божјата добрина, зашто Тој ве изведе од темнината и ве воведе во Својата прекрасна светлина.
10 „Вие што порано не бевте сметани за народ,
сега сте Божји народ;
вие над кои немаше кој да се сожали,
сега добивте милост од Бога[e].“
23 Тогаш Исус им рече на Своите ученици: „Навистина, на богатите ќе им биде многу тешко да влезат во небесното царство. 24 Ве уверувам дека полесно камила ќе се спровре низ иглени уши, отколку богат човек да влезе во небесното царство!“ 25 Слушајќи го ова, учениците се зачудија и Го прашаа: „Тогаш, кој може да се спаси!?“ 26 Исус го впери погледот во нив и им рече: „За луѓето е невозможно, но за Бог нема ништо невозможно!“
Голема награда за целосна верност
27 Тогаш Петар проговори и Му рече на Исус: „Ете, ние оставивме се и станавме Твои следбеници. Што ќе добиеме за возврат?“ 28 Исус им рече: „Ве уверувам вас, коишто станавте Мои следбеници, дека во новиот свет, кога Јас, Синот Човечки, ќе седнам на Својот славен престол, вие ќе седнете на дванаесет престоли и ќе владеете над дванаесетте Израелски племиња. 29 А секој од вас што оставил куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви заради Мене - ќе добие стопати повеќе, а ќе наследи и вечен живот. 30 Но мнозина кои сега се први, ќе бидат последни, а мнозина кои сега се последни, ќе бидат први.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest