Book of Common Prayer
14 Благословени ќе бидат оние што ,своите облеки си ги перат‘; тие ќе добијат право да јадат од плодовите на Дрвото на животот и да влезат во градот низ портите. 15 А надвор од градот ќе останат ,кучињата‘, вражачите, блудниците, убијците, обожавателите на идоли и сите што ја сакаат лагата и што лажат.
16 Јас, Исус, испратив Свој ангел по црквите за да ве извести за ова. Јас Сум Потомок[a] од коренот на Давид, Јас Сум сјајната Ѕвезда Деница!“
17 Духот и Невестата[b] велат: „Дојди!“ И секој што ќе го слуша ова, треба да рече: „Дојди!“
18 А испраќам и предупредување до секој што ќе ги чуе пророштвата запишани во оваа книга: Никој ништо да не додава кон ова, зашто на таквиот Бог ќе му ги додаде сите казни опишани во оваа книга! 19 А ако некој одземе нешто од пророчките објави во оваа книга Бог ќе му го одземе правото на пристап до Дрвото на животот и до Светиот град, опишани во оваа книга.
20 Оној што гарантира за вистинитоста на сето ова ни порачува: „Наскоро ќе се вратам!“
Амин! Дојди, Господе Исусе!
21 Господ Исус нека биде милостиво благонаклонет спрема сите[c] вас.
Принцип на неограничено простување
21 Тогаш Петар Му пристапи на Исус и Го праша: „Ако еден од моите браќа повеќепати ми згреши, колкупати треба да му простувам? Седум пати ли?“
22 А Исус му одговори: „Не седумпати, туку седумдесет пати по седум!
23 Ќе ви објаснам преку една споредба. Небесното царство може да се спореди со цар којшто решил да си ги расчисти сметките со своите слуги на кои им позајмил од своите пари. 24 Кога почна да проверува, му доведоа еден што му должеше десет илјади таланти[a]. 25 Бидејќи слугата не можеше да си го плати долгот, господарот нареди да биде продаден како роб заедно со жената и децата и со се што поседуваа, па така да си го наплати долгот. 26 Тогаш слугата падна ничкум пред царот и почна да го моли: „Стрпи се со мене и ќе ти го исплатам целиот долг!“ 27 На царот му падна жал и го пушти, отпишувајќи му го долгот.
28 Но кога овој слуга излезе, сретна еден од своите другари кој му должеше сто денарии[b], па го фати за гуша и почна да го дави, викајќи му: „Врати ми го долгот!“ 29 Тогаш неговиот другар клекна и почна да го моли: „Стрпи се со мене и ќе ти го исплатам целиот долг!“ 30 Но овој не сакаше, туку го фрли в затвор додека не му го врати долгот. 31 Кога другите слуги видоа што се случи, многу се огорчија, па отидоа кај царот и му го кажаа сето ова. 32 Тогаш царот го повика оној слуга и му рече: „Колку си лош! Кога ти ме молеше, јас ти го простив целиот долг. 33 Не требаше ли да му се смилуваш на твојот другар како што јас ти се смилував!?“ 34 Царот беше толку лут, што го фрли овој слуга в затвор, додека не му го врати целиот долг. 35 Така ќе постапи со вас и Мојот небесен Татко, доколку од срце не си простувате едни на други.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest