Book of Common Prayer
Осветлувањето во градот
22 Во градот не видов храм. Семоќниот Господ Бог и Јагнето беа храм. 23 На градот не му беа потребни ни Сонце ни Месечина за да го расветлуваат, зашто Божјата слава го осветлуваше и Јагнето му беше Светилка.
24 Народите ќе одат по неговата светлина, а земните цареви ќе ја предадат тука својата слава. 25 Портите на градот ќе бидат постојано отворени, зашто таму секогаш е ден, и ноќи нема да има. 26 Сите народи ќе ги донесат славата и почестите во градот. 27 Тие што се недостојни[a], немаат пристап таму: ќе нема погани умови и лажговци. Во градот ќе живеат само оние чии имиња се запишани во Книгата на животот, составена од Јагнето.
Изворот на животот во градот
22 Потоа ангелот ми ја покажа животодавната река, која беше блескаво-бистра како кристал. Таа извираше од престолот на Бог и на Јагнето 2 и го продолжуваше својот тек по централната улица во градот. На обете страни од реката, по должината на целиот нејзин тек, има насадено дрвја кои раѓаат плодови секој месец - дванаесет пати[b] во годината. Плодовите се животодавни, а лисјата од дрвјата служат за исцелување на народите.
3 Таму нема веќе да има проколнување[c]. Престолот на Бог и на Јагнето ќе биде во градот. Божјите луѓе ќе Му се поклонуваат на Бог, 4 и ќе Го гледаат Божјото лице, а Неговото име ќе им биде напишано на челата. 5 Таму ноќ ќе нема, а на тамошните жители нема да им треба ни светилка, ни Сонце. Самиот Господ Бог ќе им биде Светлина и тие ќе царуваат во вечни векови.
Кој ќе биде најголем во небесното царство?
(Мк. 9:33-37; Лк. 9:46-48) 18 Во тоа време учениците дојдоа кај Исус и Го прашаа: „Кој од нас ќе биде најголем во небесното царство?“ 2 Исус повика кај Себе едно детенце, го исправи пред нив 3 и им рече: „Ве уверувам дека, доколку не се покаете и не станете како малите деца, нема ни да влезете во небесното царство! 4 Најголем во небесното царство е оној што ќе се понизи и ќе биде како ова детенце. 5 И кој ќе прими едно вакво детенце во Мое име, Мене ме прима.“
Опомена против наведување на невера
(Мк. 9:42-48; Лк. 17:1-2) 6 „Ако некој биде причинител за отстапување[a] од верата во Мене на едно од овие најмаливе, подобро би му било да си стави воденички камен околу вратот и да се удави на дното од морето! 7 Страшно е што на светот има причинители[b] поради кои луѓе отпаѓаат од верата. Навистина, такви секогаш има, но тешко си му на оној преку кого причините за невера доаѓаат!“
8 „Ако твојата рака или нога те наведува на грев - отсечи ја и фрли ја! Подобро е да влезеш во вечниот живот со една рака или со една нога, отколку со двете да завршиш во вечниот оган! 9 Или, ако твоето око те наведува на грев - извади го и фрли го! Подобро е да влезеш во вечниот живот, макар и со едно око, отколку со две очи да бидеш фрлен во огнениот пекол!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest