Book of Common Prayer
Сатаната е фрлен во Бездната
20 Потоа видов еден ангел како слегува од небото; во рацете го носеше клучот од Бездната и една голема верига. 2 Тој го фати Змејот - старата Змија, познат и како Ѓавол и Сатана - и го окова во верига за период од илјада години. 3 Потоа го фрли во Бездната. Таму го затвори и го заклучи, за да не ги заведува народите во период од илјада години. Потоа тој ќе биде пуштен, но само за кратко време.
Првото воскресение
4 Потоа видов престоли; луѓето што седеа на нив, беа овластени да судат. Ги забележав и душите на погубените поради вера во Исус и проповедање на Божјото Слово и на сите оние што не му се поклонија на Ѕверот, ни на неговата икона и не го примија неговиот белег на челото или на раката. Видов како тие воскреснаа и царуваа со Христос илјада години. 5 (Другите умрени нема да воскреснат додека не поминат илјада години.) 6 Благословени и свети се оние што ќе бидат учесници во првото воскресение! Втората смрт ќе нема власт над нив; тие ќе бидат Божји и Христови свештеници и ќе царуваат со Нив[a] илјада години.
Исус првпат ја најавува Својата смрт
(Мк. 8:31 - 9:1; Лк. 9:22-27) 21 Оттогаш Исус почна отворено да им кажува на Своите ученици дека Тој ќе мора да оди во Ерусалим и дека таму ќе претрпи многу од старешините, од високото свештенство и од вероучителите, и дека ќе биде убиен, но по три дни ќе воскресне.
22 Петар, пак, го тргна настрана и почна да го одвратува, велејќи: „Никако, Господе! Тоа не смее да се случи со Тебе!“ 23 А Исус му се заврте и му рече: „Бегај од Мене, Сатано! Се обидуваш да Ми го попречиш патот; зашто тоа што го велиш е човечко размислување, а не Божјо!“
24 Тогаш Исус им рече на Своите ученици: „Тој што сака да стане Мој следбеник треба да се откаже од своите себични амбиции, да си го понесе својот крст и да тргне по Моите стапки. 25 Зашто, секој што сака да си го чува животот[a] само за себе - ќе го загуби; а кој ќе го даде животот за Мене - пак ќе си го најде. 26 А каква ќе му биде ползата на човекот, ако и сиот свет го добие, а својата душа ја загуби!? Има ли нешто повредно од твојата душа?
27 Кога Јас, Синот Човечки, ќе дојдам во сета слава на Мојот небесен Татко, во придружба на светите ангели, тогаш ќе му платам на секого според неговите дела. 28 Ве уверувам дека меѓу вас има некои кои нема да умрат додека не Ме видат Мене, Синот Човечки, како доаѓам во Своето царство!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest