Book of Common Prayer
6) Катастрофа во Вселената
12 Гледав, понатаму, како Јагнето го отвора шестиот печат. Тогаш се случи силен земјотрес, Сонцето поцрне како црна облека[a], а Месечината поцрвене како крв. 13 Ѕвездите од небото испопаѓаа по Земјата, како што паѓаат смокви под дејство на силен ветер. 14 Небото се свитка како хартија и исчезна, а сите планини и острови се изместија.
15 На Земјата сите цареви, великани, воени команданти, богати и влијателни луѓе, робови и слободни - сите се засолнуваа во пештери и во засолништа под планините. 16 Тие им довикуваа на планините и на карпите: „Урнете се врз нас и затрупајте не, скријте не од лицето на Оној што седи на престолот и од лутиот гнев на Јагнето! 17 Зашто дојде страшниот ден на Нивниот гнев и кој може да го издржи!?“
Заштитени 144.000 души од Божјиот народ
7 Потоа видов четири ангели кои стоеја на четирите страни на Земјата. Тие ги задржуваа ветровите од четирите страни на Земјата да не дуваат ни на земјата, ни на морето ниту пак на дрвјата. 2 Потоа забележав еден друг ангел како доаѓа од исток. Тој го носеше печатот на Живиот Бог. Со многу силен глас тој им се обрати на четирите ангели на кои Бог им беше дал власт да ги пустошат земјата и морињата: 3 „Не пустошете ни по земјата, ни по морињата, ниту пак по дрвјата, додека не ги обележам со печат в чело Божјите слуги!“
4 Тогаш го слушнав и бројот на обележаните со Божјиот печат: тие беа вкупно сто и четириесет и четири илјади души, од сите племиња на Израел, и тоа:
2. Споредба со каколот
24 Потоа Исус им кажа уште една споредба: „Небесното царство може да се спореди со човек што посеал чисто пченично семе во својата нива. 25 Но, додека луѓето спиеле, дошол неговиот непријател, посеал какол меѓу пченицата и си заминал. 26 Кога посеаното порасна и заврза плод, се покажа и каколот. 27 Дојдоа слугите кај домаќинот и му рекоа: ,Господару, зар ти не беше посеал чисто семе на твојата нива? Од каде сега се појави овој какол?‘ 28 А тој им одговори: ,Тоа ми го направи непријателот!‘ Тогаш слугите му рекоа: ,Сакаш ли да појдеме и да го искорнеме каколот?‘ 29 ,Немојте‘ - им одговори тој - ,зашто, корнејќи го каколот, со него ќе го искорнете и житото.‘ 30 Оставете ги, нека растат заедно до жетвата. Тогаш ќе им наредам на жетварите: ,Издвојте го најнапред каколот, врзете го во снопови и изгорете го, а житото соберете го во Моите складови!‘“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest