Book of Common Prayer
Бидете подготвени за прогонства
(Мк. 13:9-13; Лк. 21:12-17) 16 „Еве, Јас ве испраќам вас како овци меѓу волци. Затоа, бидете мудри како змии, а во исто време и кротки како гулаби. 17 Пазете се, зашто ќе има луѓе кои ќе ве предаваат на судови и ќе ве камшикуваат по синагогите[a]. 18 Поради вашата вера во Мене, ќе бидете приведувани на сослушување пред управители и владетели; тоа ќе биде сведоштво за нив и за светот. 19 А кога ќе ве приведат на сослушување, не грижете се како и што ќе зборувате во своја одбрана; ќе ви бидат дадени вистинските зборови во вистинскиот час. 20 Зашто, преку вас ќе зборува Духот на вашиот небесен Татко, а не самите вие.
21 Понекогаш и брат брата ќе предава на смрт, и татко - своето чедо; деца ќе се креваат против родители и ќе ги предаваат на смрт. 22 Поради вашата вера во Моето име сите ќе ве замразат. Но, спасението е за оние што ќе издржат докрај!
12 Затоа,
„подигнете ги премалените раце и зацврстете ги треперливите колена[a]!“
13 Чекорете по рамниот пат, за да не се онеспособат слабите и сакатите, туку напротив, да оздрават!
Да не отстапуваме од верата
14 Трудете се да живеете во мир со секого и да живеете свет живот, зашто без светост никој не ќе може да Го види Господа! 15 Бидете внимателни, за никој да не ја испушти Божјата милостива благонаклоност. Да не изрти меѓу вас некој горчлив корен кој ќе вознемири и затруе мнозина! 16 Будно внимавајте некој да не стане блудник или безбожник, како што беше Исав, кој за еден единствен оброк си го продаде првородството[b]! 17 Знаете дека, подоцна, кога тој сакаше да го добие татковиот благослов, беше одбиен. Со ништо веќе не можеше да ја промени[c] својата поранешна постапка, иако со солзи молеше.
Стариот и Новиот завет
18 Вие сега не пристапувате кон материјална планина како тогашните Израелци кон Синај, ни кон разгорен оган, ни кон темни облаци, ни кон луња, 19 ни кон звук на труба, ниту кон силен глас (Израелците слушнаа таков глас, па молеа другпат да не им зборува!) 20 Тие не можеа да ја поднесат заповедта: „Дури и животно ако се допре до планината - да биде погубено со каменување[d]!“ 21 Целата таа глетка беше толку страшна, што и самиот Мојсеј изјави: „Толку сум исплашен што треперам од страв!“
22 Напротив, вие сега дојдовте на гората Сион и во небесниот Ерусалим! Тоа е градот на живиот Бог, полн со свечен собир на неброени ангели. 23 Тука се собрани првородените Божји чеда, чии имиња се запишани на небесата. Тука е Бог, Судијата на целиот човечки род. Тука се и душите на праведниците, кои сега се доведени до совршенство. 24 Тука е Исус, посредникот на Новиот завет меѓу Бог и луѓето, чија пролеана крв ветува многу подобри[e] нешта од крвта на Авел!
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest