Book of Common Prayer
41 Сјајот на Сонцето се разликува од сјајот на Месечината; поинаков е, пак, сјајот на ѕвездите, а и ѕвездите меѓусебно се разликуваат по својот сјај.
42 Слично ќе биде и со воскресението на мртвите. Се закопува распадливо тело, а ќе воскресне бесмртно тело. 43 Се погребува истоштено, грдо, слабо тело, а ќе воскресне славно и силно тело. 44 Се погребува материјално тело, а ќе воскресне духовно тело. Како што постои материјално тело, така постои и духовно тело.
45 Во Светото Писмо пишува: „Првиот човек, Адам, стана жива душа.“ А Христос, Кој може да биде наречен „Последниот Адам“, е Дух што дава живот. 46 Но прво доаѓа материјалното тело, а потоа духовното. 47 Првиот човек, Адам, беше создаден од земја, направен од земен прав. Вториот човек, Христос, потекнува од небото. 48 Какво што беше телото на Адам, такво е и телото на секој човек сега: тоа е тело создадено од земја. Но на небото ќе имаме тела како Христовото тело, бидејќи Христос потекнува од небото. 49 Како што сега личиме на Адам, на човекот направен од земен прав, така тогаш ќе личиме на Христос, на Човекот што потекнува од небото.
50 Драги мои, она што сакам да ви го кажам е дека телата од крв и месо не можат да го наследат Божјото царство. Тие се распадливи тела и како такви не можат да бидат жители на Божјото царство.
Повикот на Спасителот
(Лк. 10:21-22) 25 Во тој момент Исус рече: „Те славам, Татко, Господару на небото и на Земјата, што им го откриваш на скромните она што си го скрил од оние кои се сметаат себе за мудри и учени. 26 Да, Татко, зашто така сакаше Ти.“
27 „Мојот Татко Ме има овластено Мене за се. Никој друг не Го познава Синот[a], освен Таткото, и никој друг не Го познава Таткото, освен Синот и оние на кои Синот сака да им Го објави.“
28 „Дојдете кај Мене сите вие кои сте изморени и натоварени со тешки бремиња, Јас ќе ве одморам! 29 Земете го Мојот јарем на себе и дозволете Ми да ве научам, бидејќи Јас сум со нежен и кроток дух, и тогаш вашите души ќе се успокојат. 30 Јаремот Мој е лесен, како што е лесен и товарот што ви го давам.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest